1944_ВШ на НОВ и ПОЈ до ГШ на НОВ и ПОМ

1944_ВШ на НОВ и ПОЈ до ГШ на НОВ и ПОМ

Бугарите како повоено заштитена „творба” на Тито и Москва!

Тито и Москва, не само што ги спасија од уништување, губење територии и исплата на воени репарации (за грабежи, палежи, и масакри по: Македонија, Србија, Романија, Грција, Босна и др. земји што ги „администрираа” дури беа со Хитлер), ами тие и ги „враќаат” на меѓународна сцена. Бидејќи додека Германија е разураната, поделена и со деселетија плаќа репарации; додека Јапонија е ништена со нуклерни бомби, плаќа репарации, губи територии, окупирана со постојани САД – трупи на свое тло; Бугарија од германско станува руско „милениче” без влакно да и фали! Единствена Хитлеровска сојузничка која не само што не губи територии туку и добива територија (дотогаш романска Добруџа).

За ова и нетрпеливоста на македонскиот народ кон Бугарите укажуваат и овие две депеши од Тито. Иако дозволил да останат и симболично учествуваат во „ослободувањата“ од Германците, Бугарите одбиваат да се борат (како во Прилеп), уште и вршат грабежи, напаствуваат, се пијанчат и се терет на напатениот народ.

Сл. 1-2 – Тито му праќа на Ранковиќ наредба со упатства и за „судирот на Македонците и Бугарите”. Пред тоа прима депеша од Врх. штаб (ВШ) на 30.09.1944 год., со која е известен дека Македонците дошле во судир со Бугарите кај Прилеп (оти не сакале да се борат против довчерашните им сојузници–Германците!)

 

Дури под притисок од општ оган врз нив, двата бугарски полка се разоружани од македонските единици. Заради напнатоста меѓу Македонците и Бугарите и низ др. региони на Македонија, ВШ од Тито “бара став кон Бугарите” (А-ВИИ,к.26, рег.бр.13-1/13).

 

Сл. 3, 4, 5 – Судирот кулминира, Македонците гневни оти Бугарите се бескорисни и на терет на народот, издаваат наредби со кои им ги ограничуваат сите дејства и движења (а мора да ги предаваат злосторниците и сл. барања). Бугарите “се поплакуваат” до Москва, по што Тито праќа депеша за Генерал Апостолски на 20.11.1944 год.

Сл. 6 – Генерал Велчев и др. бугарски раководители од „Отечествената” Влада, значајни настани и прослави не почнуваат без слика на ТИТО, и знамињата на Коминтерната и ДФР Југославија.

КОЈ е „творба и милениче” на Тито и Москва!?

 

Посочил: Драги Трајков