Автономна Македониjа (La Macédoine autonome). „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците“ бил македонски весник во Белград, незваничен орган на Македонскиот клуб. Излегувал меѓу 12 листопад – 14 снежник 1905 година, секоја недела. Георги Герџиковиќ бил сопственик и одговорен уредник, а Григорие Хаџи Ташковиќ е главен уредник. Меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Ефтим Спространов. Весникот излегувал на српски јазик, а воведната статија во превод и на француски. Се залага за автономија на Македонија. По издавањето на 12тиот број на весникот Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ се принудени да ја напуштат Србија и да го растурат Македонскиот клуб.