Во 1871 год., бугарскиот преродбеник и поет Петко Славејков, во својата статија „Македонското прашање“ (оригинален наслов „Македонски в’прос”, објавена во Цариград) ќе напише:
„Многу пати имаме слушано од Македонците дека тие не се Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци…“
„We have many times heard from the Macedonists that they are
not Bulgarians but Macedonians, descendants of the Ancient
Macedonians.“
Славејков станал еден од најгласните негатори околу тоа што Македонците културно и народносно се поврзуваат со древните Македонци и Славјаните… Но и околу тоа што тие користејќи го македонскиот говор се спротивставувале на наметнувањето на тешко разбирливите за нив источнобугарски наречја.
„… За да придадат сила на своето произволно основание, македонистите ја посочуваат разликата на македонското и горнобугарското наречје, од коишто (тврдат дека) првото било поблиску до словенскиот јазик, а второто било размесено со татаризми и др. Нам не ни се сакаше да веруваме во ваквите посочувања како што не му се верува ни на читателот, но бевме принудени да поверуваме, кога видовме со каква упорност тоа се заштитуваше од страна на македонистите. Нашите зборови дека различноста на наречјето ништо не покажува, дека тоа е заради следствието на историските околности, а не на различно потекло – тие зборови ништо не помагаа. Македонистите пак беа упорни во своето. …“
„…Ете гледате денес како се обединуваат меѓусебно различни елементи во еден народ, како Пруси и Германци, Баварци и Виртембергци, Пиемонтци и Наполитанци, а само вие Македонците, коишто по ништо не се разликувате од нас, наместо да сторите како што прават просветените народи, наместо да се соедините во еден цел народ бугарски, за наш заеднички просперитет, вие правите како глупавите деца, што не знаат што е историско свидетелство, вашите мислења немаат никаква зрелост ни единство, со еден збор да ви кажам вие сте како пусти или забегани говеда, вие глупави луѓе сте намислиле сега да се отцепите од бугарскиот народ, та да составите одделен македонски народ, којшто одамна исчезнал од лицето на земјата, но не ќе можете…“
И понатаму:
„…Најпосле сепак пред една-две години кога разговаравме со едни Македонци разбравме дека тие имале друга цел, погубна–нивното разделување од бугарскиот народ, коешто досега го криеја зад завесата на јазичните наречја, но ние најпосле успеавме да ја откриеме.
Тие многу опстојуваа дека тие и нивните соотечественици–Македонските Бугари не биле Бугари, ами едни сметаат дека биле остаток од старите Словени, што живееле во тие места од незапамтени времиња, а други пак велат (дека биле) од уште по старите Македонци, Филипови и Александрови, и не знам од кои уште, без да можат да се потпрат на едно историско сведоштво, а (велат) не биле потомци на Бугарите, коишто според нив потекнувале од Татар.(ско) покол(ение), а коишто според нас го завладеале целиот балкански полуостров, дури и најзападните негови делови, и основале Буг.(арско) царство во Охрид, родниот град на некои од врлите Македонисти, та така ги слеале во себе сите различни (балкански) племиња и народности…“
“Најпосле македонското прашање излезе на јаве и се покажа во печатот. Ние велиме најпосле, зошто тоа прашање не е нова работа. Ние го заслушавме уште пред десетина години од некои Македонци.
Најнапред ги зедовме зборовите на тие млади патриоти, тишината на нашите нетолку сериозни препирки. Така и ние мислевме до пред една -две години кога нови разговори со некои Македонци ни покажаа дека работата не е само голи зборови, но мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во живот. И жално и тешко ни беше да слушаме такви зборови, зашто работата ни се гледаше доста деликатна, и особено во условите во коишто се најдуваме. Денеска тоа прашање веќе излезе на пазар, благодарение на несообразноста на еден од нашите собраќа и ние сме веќе принудени, сакале не сакале, да се јавиме.
Ние пак не сакавме да зборуваме никогаш за тоа прашање ако постоеше само одделот на учебните книги зашто ние не гледаме штета за тоа, дека некои сакаат да си ги учат децата на татковото си наречие; напротив, ние гледаме во тоа еден знак на освестување. Основната настава бива плодотворна само тогаш кога се предава на мајчин јазик којшто го разбираат децата. Грешката е во тоа да не се избере еден таков пат што нема да води кон разгледување на наречјата ами кон соединување согласност. Колку што е грешнно да се учат македончињата на наречјето на горните Бугари, толку е грешно и тоа што се распарчува јазикот во училиштата на секакви наречја и секој да го следи своето, без најмалку внимание кон другите. Во таков случај секое наречје треба да си има своја книжевност и никојпат да не ја достигне онаа состојба што треба да ја има како книжевност на цел народ. Разлика во наречјата има кај сите европски народи и дури многу поголеми отколку кај нас; но ниту еден од тие народи не помислил да си го раздроби учебниот јазик на многу наречја и литератури. Тие избрале еден среден пат и примиле само еден учебен јазик, којшто е понапреднат меѓу нив. Тоа требаше да го направиме и ние. Од сите наречја требаше да избереме едно средно, кое да биде разбирливо за сите области и на него да си ги учиме децата. Тоа ќе биде и правилно и разумно и корисно, зашто ќе се запази единството на нашиот народ.
Само послениот услов е доста за да не претпази од секакво раздробување на нашата бедна литература и да не’ покрене против оние, што сакаат такво разделување. Но, кога во разделувањето влегуваат и други цели, цели за раскинување на уште несоединетиот наш народ, тогаш секој има право да се противи на такво зло. Таква цел се гледа дека имаат некои од нашите македонски браќа и таа цел ја кријат тие под превезот на јазикот и на неговите наречја; затоа си дозволуваме и ние да кажеме за македонското прашање.
Многупати сме слушнале од македонистите дека тие не биле Бугари ами Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале некакви докази за тоа, без да ги дочекаме. Македонистите никогаш не ни ја покажале заснованоста на таквото нивно мислење. Тие се упорни во своето македонско потекло, коешто никако не можат да го протуркаат до кај што треба…
Но секако потеклото на Македонците од древните Македонци е од најсомнителните работи. Нивното мислење денеска може да се опре само на местото каде што живеат, а тоа е најважното. Кога старите Македонци живееле на истите тие места, зошто и денешните жители, да не се од македонска крв. Тие се в и с т и н с к и М а к е д о н ц и, заклучуваат македонистите и се успокојуваат на своето големо откритие…
Сме слушнале и друго основание. Некои македонисти се делат од Бугарите по друга причина, по тоа што тие се чисти Словени, а Бу-гарите се Татари и не знам што…
За да придадат сила на своето произволно основание македонистите посочуваат разлика меѓу македонското и горнобугарското наречје, од коешто првото било поблизу до словенскиот јазик, а второто било изме-шано со татаризми и др. Ние не сакаме да веруваме во сериозноста на слични укажувања како што не му се верува и на читателот, но бевме принудени да поверуваме кога видовме со колкава упорност се бранеше од македонистите. Нашите зборови дека разликата на наречјето ништо не покажува, дека тоа е последица на историски услови, а не на различно потекло, тие зборови ништо не помогнаа. Македонистите упорно си ос-танаа на своето.
Воопшто, мислењата на македонсистите немаат ни зрелост, ни еднаквост. Пожелно е да се види нивното учење наредено во општа форма, за да може наполно да се оцени неговата заснованост и неговите последици. Додека да го дочекаме тоа, ние ќе си дозволиме да искажеме тука неколку од последиците што ќе произлезат за нашиот народ и за македонистите од разделувањето….
…Може македонистите да мислат дека во народните работи ќе борават секојпат горните Бугари, како помногубројни и поразбудени и дека Македонците ќе останат на второ место. Тоа значат зборовите на македонистите: се откинавме од Грците под други ли да паднеме? Едно просто опстојателство, тоа е, дека горните Бугари досега пишуваа на свое наречје без најмалку внимание кон македонското, тоа се зема од Македонците како знак за горнина на горните Бугари, и за стремежот да заповедувааат. Но работата е далеку од такво значење, ние пишуваме на нашето наречје, зашто него го знаеме, а не од потценување на македонското. Кога ќе се засили изучувањето на јазикот кај нас и се разбере нуждата за општ книжевен јазик, ние со најголема благодарност ќе пишуваме на македонското наречје ако се види тоа за добро и полезно, или ќе го земеме од него она што е неопходно за дополнување.
Доколку се однесува за плашењето од бројот на горните Бугари и нивното побрзо разбудување, тоа не е прилично и да се споменува како што не треба да се гледа тоа и меѓу децата на еден татко. Дека некои се свестиле час порано од тоа не следува, дека тие треба да бидат погорни.
Нашиот заклучок е дека нема причина да се делиме и не треба да се делиме, ако си го сакаме народот и неговото добро”.
Посочил: Гоце Панговски 1 и 2 и Портал Македонска Нација