1892.02.18_Весник ‘Свобода’, София

1892.02.18_Весник 'Свобода', София

„… излегуваат луѓе, кои се силат да ги уништат плодовите на толку годишни усилби, да докажат дека македонските бугари се одделна нација со особен јазик, со особени историски задачи! …“

„… Усилбите на целата интелегенција на целиот бугарски народ засега се насочени кон глува безшумна борба за бугарското национално единство; се трошат и пари, и сили, и народна енергија во таа борба со Срби и Грци, не се штеди ништо, за да се прероди идејата за тоа дека Бугаринот од Македонија, Тракија и Мизија е син на една иста мајка Бугарија, бидејќи тој има еднакви обичаи, права, јазик, политички стремежи и идеали – и при сето тоа на предвечерието на таа засега законска борба во отворена борба во бугарската престолнина во срцето на Бугарија, излегуваат луѓе, кои се силат да ги уништат плодовите на толку годишни усилби, да докажат дека македонските бугари се одделна нација со особен јазик, со особени историски задачи! Какви поголеми можат да бараат Србите за тоа дека Македонија не е бугарска? „На гледај, – ќе кажат тие – самите македонски интелегентни сили, така наречената младата македонска Книжевна дружина, самите тие, од бугарската престолнина, одрекуваат национални права на Бугарија врз Македонија. …“

 

Посочил: Пољакот од Македонија