Гоце Делчев: „… Ќе го раскинеме тоа було и ќе не грејне сонцето на слободата, но НЕ БУГАРСКО СОНЦЕ. Јас …“
Поради разобличувањето на позициите на нападната бугарска историја оваа реченица од ракописните стенограми на пријателот на Делчев, Пејо Јаворов, првпат објавени од неговата внука Ганка Најденова – Стоилова 1962 година се предмет на бугарско лажирање.
Во првичното објавување (1962) последниот дел од реченицата е променет во „НО НЕ СЕКОЕ СОНЦЕ“.
Во 2008 година бугарските историчари согледувајќи дека тешко е да се промени БУГАРСКО во СЕКОЕ повторно се замешуваат и во своите нови трудови овој дел го запишуваат како „НО НА БУГАРСКО СОНЦЕ“. Така БУГАРСКО останува затоа што напишаното тешко е да се прочита како СЕКОЕ. Но наместо НЕ стои НА.
И во двата случаи редоследот на реченицата е неприроден. наспроти сосема логичното „НО НЕ БУГАРСКО СОНЦЕ“.