1905_Весници ‘Реформи’ и ‘Свободно слово’, Софија

Вероучение - Поука 03

Бугарските весници од околу илинденскиот период отворено ја напаѓале македонската национална дејност на легендата на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

“… Делчев навистина почна да се замислува дека е вистински господар на македонското дело и дека неговата волја треба да биде врховна волја. И подоцна почнаа да течат од неговата уста познатите фрази, како онаа: ‘Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски офицер не смее да стапне во Македонија! Границата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офицерите’. Неговите богато плаќани агитатори и писатели трубат по весниците дека кон границата трчаат густите редови на огорчената македонска народна моќ и дека престолнината наскоро ќе се претвори во касапница. …“

 

Посочиле: Блаже Ристовски, Портал Денешен