Во овој грчки нотарски акт заверен на 6 цутар 1915 година, пишува:
„… Пред мене, нотарот Василиу П. Кувела, во присуство на сведоци, грчки државјани кои ми се познати, здрави и неосудувани жители на Лерин, трговците Теодор Керамици и Христо Данаил, ми се јавија и се легитимираа Ставро Стојчев, земјоделец, жител на Опсирина, Околија Флорина и Алим Јузеир, жител на Флорина, земјоделец. Тие не го знаат грчкиот јазик. Првиот зборува МАКЕДОНСКИ, вториот турски. Го повикавме преведувачот Наум Грива, трговец со тутун, кој се заколна пред Светото евангелие дека верно ќе врши превод од македонски и турски на грчки и обратно …“