1934.06.10_Rizospastis (грчки комунистички весник)

1934.06.10_Rizospastis (грчки комунистички весник)

„… Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние МАКЕДОНЦИТЕ не знаеме друг ЈАЗИК освен нашиот МАКЕДОНСКИ, разните органи на грчкиот капитализам нѐ принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик… Освен тоа, нѐ лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија… Во основните училишта секојдневно ги тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик. Особено тука во Воден, послушникот и фашист Георгиадис ги тепа децата ако зборуваат на македонски јазик, ако ги завиткаат тетратките во црвена хартија или ако користат црвено мастило или црвени бои… На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба сѐ додека не го остварат своето полно ослободување. …”

Изјава од Македонец од Воден дадена 06 Жетвар 1934 објавена во грчкиот комунистички весник „ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΗΣ”.

Посочил: Егејскиот дел на Македонија – Aegean part of Macedonia