1892.04.29_Грчки весник ‘Неологос’, Цариград (за списание ‘ЛОЗА’)

1892.04.29_Грчки весник 'Неологос', Цариград (за списание 'ЛОЗА')

Против бугарските напади кон македонското списание „Лоза“, во одбрана застанал грчкиот весник „Неологос“.

„… Земајќи повод од едно периодично списание „Лоза“, кое е издавано во Софија на словеномакедонски јазик, со правопис што не е бугарски, бугарскиот весник „Свобода“ блуе разрушувачки пени против Словеномакедонците во Бугарија и ги заплашува со прогони. И зошто сето тоа? Затоа што Словеномакедонците, измамени, ги напуштаат татковите огништа и се преселуваат во Бугарија, каде што, откако поодблизу се запознаваат со бугарскиот народ, со неговиот јазик, нарави и обичаи и откако согледуваат дека тие им се туѓи, ја осознаваат измамата и почнуваат да си го разработуваат својот мајчин јазик, издавајќи разни периодични списанија на него. Овој правец од страна на Словеномакедонците „Свобода“ го карактеризира како шлаканица врз панбугаризмот и откако го анализира јазикот и правописот на „Лоза“, утврдува дека јазикот на Словеномакедонците е неразбирлив за Бугарите, а правописот е сосема туѓ на бугарскиот. …“

Посочил: Портал Лоза