1972_CIA извештај за Бугарија

1972_CIA извештај за Бугарија

„… Структура и карактеристики на општеството

1. Народносен состав и јазици
Бугарското население се претежно етнички Бугари, со Турци, Ѓупци и Македонци, последноименуваните се собрани во југозападните агли на земјата, единствени позначајни малцинства (Слика 16). Во целина, малцинските групи надворешно се тивки и подредувачки на режимот. Долготрајните предрасуди сѐ уште постојат, посебно против турското малцинство и создава поделбувачки примеси во бугарското општество. …“

 


„… Народносната мешавина на населението од 1967 беше приближно 85,3% Бугари, 8,5% Турци, 2,6% Ѓупци, 2,5% Македонци, 0,3 Ерменци, … Било која проценка на македонското население е многу оскудна и е многу усложнета од званичните бугарски тврдења дадени од 1958, дека Македонците не се одвоена национална група, наместо тоа се подгрупа на бугарската нација. Званичниот бугарски попис од 1956, последниот кој го наброи одвоено македонското население, тврди дека 187,789 лица (2,5% од вкупното население) биле Македонци. …“

 


„… Бугарскиот режим забранува секакво политичко делување поврзано со македонскиот национализам и ги потиснува културните делувања кои се својствено македонски, на пример, песми и фолклор. Уште повеќе, за разлика од турското малцинство, на Македонците не им е дозволено да имаат училишта на нивниот домашен јазик. Режимот повеќе го смета македонскиот како наречје на бугарскиот отколку како засебен јазик. …“

 

Слика 16. Земјописна распределба на турското и македонското малцинство, 1965 (C) …“

Посочил: Саша Узунов

Извор: CIA