1929.05.24_The Mansfield News – Picnic planned by Macedonians

1929.05.24_The Mansfield News - Picnic planned by Macedonians

Македонската Политичка Организација организирала излет со храна (пикник) за Македонците по повод чествувањето на 1000-годишниот роденден од Светите Кирил и Методиј.

 

„ПИКНИК ПЛАНИРАН ОД МАКЕДОНЦИТЕ

Политичката Организација ќе Одржи Пикник во Недела на Фармата од Мише

‘Охридската, Македонска политичка организација, ќе има прв надворешен пикник во Недела, Косар 25, на фармата од Мише на Луис булеварот.
Во текот на зимските месеци оваа организација одржуваше месечни друштвени забави во Пријателскиот Дом, а во текот на летните месеци за членовите ќе има надворешни излегувања.
Неделниот излет ќе биде прослава за двајцата браќа кои едно време беа водачи на оваа организација, Кирил и Методиј, што го одбележува нивниот илјадагодишен роденден. Овие браќа им дале на Словенските националности, читање и пишување. Целиот Македонски народ секаде низ светот ќе го прослави овој настан, во Недела.
Музиката за настанот ќе биде изведена од бендот Митре Македонецот. Направени се планирања да има автобус кај Пријателскиот Дом за да се изврши превоз за оние кои немаат автомобили.
Сите Македонци и нивните пријатели се поканети на излетот.“