Во 1884 година Македонци од повеќе градови (Дупница, Ќустендил, Русе и Софија) преку Македонско Добротворно друштво во Софија ја известуваат јавноста, посебно со барање да биде известен британскиот премиер Гледстоун (веројатно затоа што покажувал наклонетост кон барањата на македонскиот народ) за злосторствата кои се вршат низ Македонија. Известувањето е пропратено со молба да се преземат мерки за спречување на ваквите дивеења. За ова претходно веќе било споменувано во британскиот Долен Дом.