1903.08.16_The New York Times – will aid Macedonians

1903.08.16_The New York Times

За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО.

Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“.

Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја поминат, нигу поголеми ниту помали востанички чети, туку и во длабочина внатрешно постојат пунктови за проверка.
Во еден дел се споменува можност за бугарско вмешување ако дојде до колеж на Бугари (веруваме дека при тоа не се мисли на Македонците, туку на Бугарите кои живееле во Македонија).
Бидејќи Премиерот Петров е убеден дека со оглед на покренатите турски сили, востанието не само што ќе биде задушено, туку ќе биде уништена и целата револуционерна организација, а на повеќе места изјавува дека ќе дојде до подобрување на состојбата – може да се заклучи дека за него смирувањето со уништување на македонските бунтовнички сили е промена на подобро.

 

Посочила: DragonGirl