• Грција поставила многу колонии на [македонскиот брег] така што хеленскиот станал превладувачки јазик. Тоа значи хеленскиот не бил јазик на Македонците.
• Македонците не биле сметани за хеленски граѓани.
• Тесалија е најсеверната хеленска област.
„… ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
СОЛУН, 14 цутар.-Македонија е старо и некогаш во времето беше славно кралство. Произлегло од мал, и нејасен почеток и кога стана позната во историјата ja сочинува, областа што се протега помеѓу Епир и Илирија на запад, Пеонија на север, Тракија на исток и Тесалија на југ. Земјата беше плодна, богата со злато и сребро и даваше одлична пченица, масло и вино. Главен град бил Пела. Домородците првично биле Илирска раса, иако кралството било сложено – нешто како што е денес Австрија – вклучувајќи племиња варвари, Пеонци, Бриги, Едонци и Тракијци од север и Грци од југ. Грција постави многу колонии и грчкиот стана преовладувачки јазик. Меѓутоа, Македонците никогаш не биле познати како грчки граѓани. Александар Велики ја направи Македонија најмоќната земја на времето, но по неговата смрт сјајот на земјата брзо се намали. Римјаните ја освоиле нацијата и во 146 година Македонија станала римска провинција. Во моментов Македонија нема место во административната поделба на Турција. …“
„…HISTORY OF MACEDONIA