„… Двострано Знаме.
Најчудното знаме под кое некогаш човек се борел е тоа на македонските востаници. Тоа е црвено од една и црно од друга.
Црната страна е со намера да го симболизира беззаконието на Турското владеење, и ако Македонците било кога стекнат независност и автономија знамето ќе биде изменето. …“
Настрана од тоа што зборува дека Македонците се бореле за независност и автономија, овој податок е исто така важен, затоа што потврдува дека црвената и црната се основните бои на Илинденското Востание.