1913.08.19_The Fort Wayne News, p2, Indiana

1913.08.19_The Fort Wayne News, p2, Indiana

„… МАКЕДОНЦИТЕ ПОКАЖУВААТ РОДОЉУБИЕ ЗА ЗЕМЈАТА

Со оглед на тоа што, крајот на Балканско-Турската војна не донесе слобода за Македонија, туку широка поделба на нашата земја и народ помеѓу Србија и Грција и нашата нација присилена на подреденост на српско и грчко владеење, владеење многу потиранско отколку турското владеење.

Со оглед на тоа што српската и грчката Влада сега ги убиваат нашите татковци и нашите браќа, ги уништуваат честа и доблеста на нашите сестри, мајки и жени и ги малтретираат нашите деца, со сите нечовечки чинови кои целат на целосно уништување на нашето национално постоење во Македонија,

Со оглед на тоа што мирот на Балканот е можен само со слобода на Македонија и тоа таква слобода заснована на начелото: ‘Македонија на Македонците.’
Ние, Македонците во Соединетите Американски Држави, со сета доблесност во нас, протестираме проитив неправедната поделба на Македонија и тиранијата на српското и грчкото владеењe во Македонија;

Ние плачеме: ‘Дадете ни слобода или дадеете ни смрт!’ …“

 

Посочила: DragonGirl