Оваа статија е доказ дека Бугарите некогаш биле Македонци. Тоа се учело во самите нивни учебници.
Некој М. Генадиус, грчки министер во Австралија, на некое предавање се обратил зборувајќи дека бугарчињата во училиштата учат, дека Александар Велики бил Бугарин. Според таа историја, Македонија цело време (во минатото), била татковината на Бугарите.
Тој продолжува дека во бугарските училишта се зборува дека Аристотел, исто така бил Бугарин, бидејќи бил роден во Македонија. Навистина неговите пишувања (на Аристотел) биле на грчки, но тој пишувал на грчки, со цел да ги просветли дивјаците на југ, но всушност, неговата права националност била бугарска.
Министерот ги уверувал неговите слушатели, дека иако смешно, вакви нешта има во училишните книги во Бугарија.
Ако Александар, Аристотел и другите древни Македонци биле Бугари, бидејќи тогаш тие не се ословувале како Бугари, тоа значи дека некогаш низ историјата за денешните Бугари се сменило ословувањето од Македонци во Бугари. И не е спорно дека називот Бугари доаѓа на Балканот со доаѓањето на Прабугарите. Што значи од тогаш за еден дел од Македонците, кои биле под власта на Прабугарите, народносната самоопределба се сменила од Македонци во Бугари.

