„… Господа:
Ве замолувам прибележете го моето негодување против онеправдувачката употреба на изразот „родени убијци“ која им е нанесена на Македонците.
Горд и интелегентен народ, Македонците храбро се борат против друштвените, политичките, и стопанските турски угнетувања во должина од пет векови. После Светската Војна, Македонија беше поделена помеѓу три балкански земји, секоја обидувајќи се да ја надмине другата во наметнување несакани и непоштени ограничуваа врз Македонците.
Овие наследници на Александар Велики негуваат слобода на изразување и постоење, и покрај некажаните колежи и мизерии од најнеопислив карактер, сѐ уште се борат за да ја постигнат сопствената независност. Тип на слобода каква што ние среќните Американци поседуваме, тие можат и ќе ја развијат до целост на своите потенцијални способности.
Од илјадници Македонци во Соединетите Држави, го повикувам било кој да ми означи бил кој што е прекршител на законот, кој не сака да сподели со другите колеги, кој му прави неволји на другите. Тие во стариот свет не убиваа за заработка како криминалците што прават, но во време на војна умираа со цел да ја постигнат независноста.
Василка М. Петрова
Читателката Петрова не претерува со галантноста од долгата Македонска борба за слобода. Во оваа борба, убивањето стана македонски главен облик на политичко изразување. – УД. (уредништво н.з.) …“
Статијата е одговор на статија во истото спиасние од 9.01.1939 страница 45.
Посочил: Вождот
Извор: LIFE magazin