Со одлуки на бугарската Влада и бугарското Собрание се вршело потиснување на македонските комитети и се преземале разни мерки за македонскиот народ да биде мирен и да не се буни.
„… Собранието денес, после долга и вжештена расправа, прифати одлука која одобрува дејство на Владата во потиснување на Македонските комитети.
…
намерата на Бугарската Влада да го држи народот од Македонија мирен и да им помогне на големите сили да ја спроведат шемата за постигнување пацификација. …“
Се изразува сомнеж дали реформските предлози за подобрување на животот на Македонците, нив ќе ги задоволат.
„… а исто така сериозно се сомнева дали реформите ќе ги задоволат Македонците. …“
Постоело прашање за добрата волја на Бугарската Влада да ги гони и апси Македонците, како што неодамна направила, бидејќи најистакнатите револуционери ги избегнале тие апсења.
„… Добрата волја на Бугарската Влада во наредбата на скорешните апсења на Македонците исто така е прашално, со оглед на фактот дека нај истакнатите револуционери успеале да избегаат. …“
Посочила: DragonGirl (2009)