1996.02.02_Evening Standard, p85

1996.02.02_Evening Standard, p85'-01

На барање од британската разузнавачка служба MI6 дека книгата ‘Field of Wheat, Hills of Blood’, напишана од Гркинката Анастасија Каракасидоу, наводно ќе доведе до терористички напади, Кембриџкиот Универзитетски Печат ја цензурирал и одбил да ја испечати. Тоа довело целото универзитетско антрополошко уредништво да поднесе оставка.
Етнографската книга за селата во “северна Грција” била одбиена затоа што била “противречна на грчката званична линија со тоа што зборувала за постоење на Славо – Македонско малцинство”. Книгата како второ продолжение најдува дека “Словенскиот се зборува во таа област и тие кои го зборуваат себе си се сметаат за Македонци, а не Грци”. Госпоѓица Каракасидоу добивала смртни закани после објавувањето на студијата две години претходно.
Покрај можните напади врз писателката, британската амбасада, печатницата, вработените од Кембриџ Универзитетот во Грција; MI6 сметале дека исто така би биле ставени под ризик британските засегања во Грција.

 

Посочил: Саша Узунов