1997_John Shea – ‘Macedonia and Greece – The struggle to define a New Balkan Nation’

1997_John Shea - 'Macedonia and Greece - The struggle to define a New Balkan Nation'

Постојат докази дека Славјаните од Македонија се нарекувале себе си ‘Македонци’ уште во 10 век. Истовремено Византиските цареви започнале да ги викаат Македонските Славјани ‘Македонци’, затоа што тие станале политички најзначајното население во подрачјето. Пишуваните докази и опстанати круни (crests ?) од 16 век ја истакнуваат Македонската посебност од другите Балкански територии. Кога другите Балкански држави се бунат против Турците меѓу 17 и 20 век, слични чувства на национализам се видени и во Македонија и се препознаени од водечките сили во Европа. Во текот на 20 век Србите, Бугарите и Грците се обидувале да го отстранат влијанието на Славјанскиот Македонски јазик, и да ги потиснат обичаите на Македонскиот народ во териториите кои ги освојувале. Обединетите Нации го признаа Македонскиот (Славјански) јазик.“

 

„… Царот Константин Порфирогенит од 10ти век ги споменува Македонците (‘Македонес’) зборувајќи за Македонските Славјани. Во првата половина на 10тиот век Константин прибележал, ‘Од Кралство Македонија премина во покраина (провинција) и сега достигна позиција на тема и стратегија.’ Славјанското ширење започнало во 150 година. Во јужното движење Славјаните се распростреле низ Унгарската рамина до источен Јадран и низ Балканските долини најужно од (современа) Грција. Тие ги досегнале овие земји рано во седмиот век. Во Балканот, нивните наречја, ‘старите облици на Словенечки, Хрватски, Српски, Македонски, и Бугарски,’ ги замениле претходните Илирски, Тракиски, и Фригиски говор на жителите. …“ 

 

Македонско-Славјанско царство. Македонските Славјани се одговорни за создавањето на големо царство, како и за давањето на светот на битен јазик. Кога Бугарското царство пропаднало, делумно и како исход од побуните на Македонските Славјани, ново царство скоро во истото време се издигнало, траејќи од 976 до 1018 година. Ова царство било создадено од овие Македонски Славјани и други дисидентски народносни состојки. Неговиот владелел бил Самуил, кој го поставил главниот град во Охрид и ја подигнал архиепископијата во Македонија на ниво од патријаршија.

 

„… Користењето на името Македонија за да ги опише луѓето од Македонските територии, повеќето од кои беа Славјани е прикажано во архивските документи од Среден Век. Повеќето од Византиските летописи, вклучувајќи ги тие од Георгиј Монах, прават посоки за ‘Македонските Славјани’. Согласно со ова името Македонец било користено од Македонските Славјани од раниот Среден Век во традиционалната песна и во традицијата општо. Пишувајќи за заземањето на Солун во 904 година, John Cametinae рекол, ‘Те запознавам со истото, големиот и прв град на Македонците.‘ …“

 

„… Разликувањето меѓу Ријманите и претопените Славјани станало заматено. Уште веќе во 766 година, Никита, (Македонски) Славјан, станува Патријарх на Цариградската (Константинополската) Патријаршија. …“

 

„… Дури и денес на Пелопонез, не може да се поминат ни три милји во било која насока без да се наиде на Славјанско име на место. …“

 

„… Во повеќе од 200 години, сѐ до преосвојувањето на Пелопонез од Источно Ромејската влада околу 850 година, Славјаните го владееле скоро целиот.’ И во 1204 година Француските освојувачи, најдуваат дека и по повеќе од 300 години од Источно Ромејско Владеење, таму сѐ уште постеле независни Славјански народи, Езеритаите и Мелингоите во засолништата на планината Тајгетос. …“

 

Територии заземени од Славјаните до 8 век
Територии кои останале под Ромејско владеење

 

„… На крајот од ова време, Архиепископијата била укината со одлука на султанот (османлиски Турски владетел), на барање на водачите на Грчката црква во Цариград (Истанбул), и била ставена под јурисдикција на Патријархот од Константинопол. Овој развој бил виден од Македонската црква како дел од напорите на силите на Хеленската црква да го прошират своето владеење над Македонската црква. Само Грците биле поставувани за Владици и други повисоки должности; училиштата биле претворени во Грчки; и Славјанските служби биле заменети со Грчки. Дури и денес, засновано на оваа одлука од 18 век, Македонското подрачје од северна Грција теоретски е под владение на екуменскиот Патријарх, не под Грчката Православна Црква. …“

 

„… Јас соодветно обезбедив артикли од весниците во Атина и Солун кои го потврдуваат наметнувањето на заклетви за (користење) Грчки јазик во три села. Заклетвите биле земени во летото 1959 година, заеднички и јавно, пред претставниците на Црквата, владата, полицијата и војската. ‘Славоговорните’ се заколнале како целина дека од тогаш натаму тие никогаш повторно нема да зборуваат Славјански помеѓу себе, само Грчки. На пример, Атинската Вима од златец, 8ми 1959 година во еден дел вели, ‘Пред Господ и човекот, како верни потомци на древните Грци, ние се заколнуваме дека во иднина, доброволно, никаде и никогаш нема да го користиме Славјанското јазично наречје. ‘ …“