2021.03.20_Проф. Д-р. Никола Панов

2021.03.20_Проф. Д-р. Никола Панов

Почетоците на првиот бран на доселувањето на Албанците во Македонија датира од пред 230 години, односно во периодот кон крајот на XVIII-от век, од 1780 година наваму, и тоа на почетокот во три правци, всушност преку три струи. Во тој период во околу 30 македонски села се населило албанско население. Првата струја била северноалбанската, или Дукаџинска струја, втората средноалбанска, или Шкумбиската струја, третата јужноалбанската, или Тосканската струја. Населението од првите две струи му припаѓало на албанското племе Геги и тие во Македонија се населиле во Дебарско, Струшко, Кичевско, Гостиварско, Тетовско, Скопско, Кумановско и дошле се до Велешко и Пелагонија. Јужноалбанската, или Тосканската струја му припаѓала на племето Тоски и таа била послаба од претходната. Во Македонија тие, главно, се населиле во југо-западниот дел од Републиката, и тоа во околината на Струга, Ресен и Битола.
Вториот бран на населување на Албанци во Македонија се одвивал на почетокот на XIX –от век и траел до четвртата деценија на тоа столетие. Во тој период албанско население се доселувало во уште други триесеттина македонски села.
Населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови, кои го дозволувале населувањето на албанското-муслиманско население. На ова укажуваат бројни автентични сведоштва. Македонците ги протерувале од родните села со многу сурови методи, како грабежи, киднапирања, убиства, физичко малтретирање-тепање, опожарување и слично. Според податоците од историскиот архив на Турција (Истамбул), во периодот непосредно по доаѓањето на Турците во овој дел од Македонија (1452-1453), регистрирани се 32 албански семејства во вилаетот Кемкалдален, денес Полог.
Историските факти кои се истражувани од врвни домашни и светски автори а меѓу кои и врвни албанолози, како што се: д-р Ристо Ивановски, д-р Каплан Ресули, Хирт, Вајганд, Томашек, Пушкариу и многу други.