2026_Повеќејазичната склопка на современиот албански јазик

Албанскиот јазик има најголем удел на туѓи зборови во својот речник во споредба со било кој друг национален европски јазик. Еве го целосното разлагање:

  • Односот на домашниот против надворешниот јадрен речник: Повеќето јазици имаат над 70–80% изворни зборови; кај албанскиот тој удел изнесува само околу 25–35%.

  • Латинското влијание: Латинскиот јазик е убедливо најголемото надворешно влијание врз албанскиот, веројатно и најголемото латинско влијание врз кој било неромански јазик во светот. Албанскиот ги заменил дури и основните индоевропски изрази за роднински врски (тетка, вујко, внук, внука) со латински заемки.

  • Грчкото влијание: Грчкиот јазик е второто големо влијание, вградено подеднакво длабоко. На површината се наоѓаат древни непосредни позајмувања, додека под нив лежи целиот научен речник.

  • Османлискиот слој: Овој слој (вкупно околу 7–10%) е поголем отколку што повеќето Албанци се свесни. Од околу 2.000 зборови кои вообичаено се сметаат за „турски“, само 500–700 се навистина со турско потекло. Останатите се арапски (околу 800–1.200) и персиски (околу 200–400) кои навлегле преку османлискиот турски јазик.

  • Малиот албански јадрен речник: Изворниот албански дел е мал, но суштински. Само околу 25–35% од речникот е наследен од праалбанскиот јазик. Албанскиот не е јазик кој само примил туѓи позајмувања. Тоа е јазик изграден речиси целосно од туѓи позајмувања врз мала индоевропска рамка.

  • Дури ни самите зборови „Албанија“ (Albania) и „Шиптар“ (Shqiptar) не се албански.

  • Наше дополнување – Славјанскиот слој: Текстот што го преведовме не го нагласи доволно славјанското влијание (особено од македонските и српските говори) кое е исто така огромно во земјоделската, сточарската и местоименувачката (топографската) изразност.

 

Посочил: David T. (2026.04.25 · 17:06)

Провери во албански зборокоренувачки речник