1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9

1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9

Македонија бара Автономија

Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија.
Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни во Југославија и Бугарија, додека во Грција се со подземна природа. Давањето на самостојност во Титова Југославија е чекор кој автономистите го сакаат и агитираат за обединување на сите делови под единствена Влада. Во првите денови после ослободувањето југословенските Македонци сакале своја сопствена надворешна политика, што брзо било попречено од Белград. Со строги упатства за Скопје дека надворешната политика ќе биде во надлежност на средишната власт.
Грците на секој обид кон автономна Македонија гледаат како закана за одземање на земјоделски богатиот северен дел од кој зависело целото национално стопанство.
Сметаат дека далеку од задоволување на барањата, Грција во текот на мировните преговори ќе бара поместување на границите на север.
Во текот на војната Бугарија дала некои усмени ветувања. Меѓутоа набрзо станале очигледни стварните намери на окупациските војски за бугаризација на целиот простор. Тогаш многу автономисти се приклучиле на силите на партизанскиот отпор.

 

Посочила: DragonGirl