ФАНАРИОТОТ ВАРТОЛОМЕЈ ВО УЛОГА НА ПАПА!

ЧОВЕКОТ КОЈ САКАШЕ ДА СТАНЕ ПАПА!

“Унапредувањето” на свештеници од МПЦ – ОА од страна на фанариотот Вартоломеј докажан предизвикувач на раздори во Православната Црква, претставува НОВ ЧИН, овој пат, на одамна невидено грубо прекршување на црковните канонски правила. Ниту еден православен епископ нема право да се меша во туѓи епархии и да врши било какви свештенички чинови, без дозвола на надлежниот епископ. Во што се крие и силата на домостројот на Православието.
Зарем фанариотот Вартоломеј планира во иднина (сѐ повеќе и повеќе) да ни назначува свештеници и епископи, нам припадници на одделна и рамноправна помесна Православна Црква!? Вакво овластување немал ниеден православен епископ, затоа што тоа е најстрого забранувано. Ваква власт има само некој кој себе си смета со власт на папа. Во случајов над нашата света помесна македонска Црква, а во иднина можеби и над целата Православна Црква.
Доколку тоа е сторено договорно со дозвола од надлежните македонски епископи, тајно и прикриено од знаењето на верниците, бараме за истово прашање да се свика благовремено и правилно организиран Црковно-Народен Собор, на кој ќе земат учество и претставници на верниот народ. Затоа што епископите се надгледници во исполнување на одлуките од црковната заедница. Како православен македонски народ сакаме самостојно да го избираме клирот, како што се самостојни и без туѓи назначувања и сите други помесни Цркви. Епископите ако се достојни, должни се својата епископска должност да ја спроведуваат на начин кој не ги соблазнува верниците.

Од таму БАРАМЕ:
• Свештениците кои „се унапредени“ од фанариотот Вартоломеј ДА ГО ОТФРЛАТ НИВНОТО ПРОТИВКАНОНСКО “УНАПРЕДУВАЊЕ”. Доколку тоа самите не го сторат, тоа би значело дека самите соучествуваат во ова грубо кршење на каноните тогаш:
БАРАМЕ ДА БИДАТ РАСЧИНАТИ од надлежните епископи. Доколку тоа не биде исполнето
• Тогаш НИЕ КАКО НАРОД КОЈ САКА ДА ОСТАНЕ ВЕРЕН НА ДОМОСТРОЈОТ НА ЦРКВАТА ЌЕ ГИ ИЗБЕГНУВАМЕ И НЕМА ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО НИВНИТЕ ,,СВЕШТЕНОДЕЈСТВА”. НЕМА ДА ГИ СМЕТАМЕ ЗА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИ, а нивните “свештенички” дејства ќе ги сметаме за НИШТОВНИ И НЕБЛАГОСЛОВЕНИ.
• Очекуваме од сите епископи во МПЦ-ОА ДА ГО ОТФРЛАТ ОВОЈ ЧИН НА НАДВОРЕШНО МЕШАЊЕ. Секој епископ кој нема да се огласи, ДА СЕ СМЕТА ЗА СОУЧЕСНИК во постапното крадење на светата македонската Црква од македонскиот народ.

Им даваме поддршка на декларациите за неменување на името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Повикуваме сите верни православни христијани најостро да го осудат овој неканонски чин за да се спречи новиот обид за фанариотско преземање на нашата древна Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

АПОСТОЛСКИ КАНОНИ
КАНОН 35. Епископ да не се осмели надвор од своите граници да ракополага во градовите и селата кои не му се потчинети; а ако се докаже дека тоа го направил без знаење на оние кои им припаѓаат тие градови и села, нека се свргне, и тој и тие кои ги ракоположил.
(1Вас.15; 11Вас.2; IIIBac.S; IVBac.5; VIBac.17; Анкир.13; Ант.13,22; Сард.3,15; Карт.48,54)

КАНОН 58. Епископ, или презвитер, кој го занемарува клирот или народот и не ги поучува на Благочестие, нека биде одлачен; ако и натаму останува во немар и леност, нека биде свргнат.
(VIBac.19; Сардик.ll; Лаод.19; Картаг.71,121,123)

ТРЕТ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР
КАНОН 8. … Од таму, бидејќи општите зла потребуваат поголем лек, бидејќи и поголема штета нанесуваат, и посебно кога ни стар обичај немало за епископ од град на Антиохијците да врши ракополагање на Кипар, како што нас со писма и усмено нѐ известија најпобожни луѓе кои пристапија на Светиот Собор, (затоа одлучивме): да Претстојниците (епископите) на Светите Цркви на Кипар имаат несметана и непринудена власт, сходно на каноните од Светите Отци и стариот обичај, чинејќи самите себе хиротонии (=посmавувања) на најпобожни епископи. А ова истото нека се зачувува и за другите провинции и за посекадешни области, така да ниту еден од богољубезните епископи да не зазема друга област, која не е од дамнешност и од почетокот не била под негова рака или на неговите претходници; туку, ако некој и ја зазел и насилно себе си ја потчинил, нека ја поврати, да не се престапуваат каноните на Отците, нити под изговор за свештенослужење (=свешmенодејсmва) да не се подвлече гордоста на светската власт, нити неприметно и постепено да ја изгубиме онаа слобода која нам ни ја дарувал со Својата крв Господ наш Исус Христос

 

†По молитвите на Светите Отци и нашите скромни заложби како народ, Господ да ни ја зачува спасителната Вера и Неговата света помесна Македонска Православна Црква.

 

Македонска Национална Академија