Македонците први вапцувале јајца за Велигден уште во 13 век, пишува американскиот дневен весник Тајмс.
Во текстот на Тајмс цитирани се сознанија од претпријатието Паас, кое е производител на бои за велигденски јајца во САД, а било основано во Њу Џерси 1881 година од Вилијам Тауни.
Според податоците пренесени од новинарката Кејти Смит во Тајмс, Македонците во 13 век се првите христијани кои почнале да бојадисуваат јајца за време на велигденските празници.
Крстоносците враќајќи се од Блискиот Исток ја прошириле оваа практика на бојадисување јајца низ Европа, а Европејците ги бојат јајцата за да го прослават Велигден и другите празници.
Посочил: Портал Денешен