При предвоена посета на усташкиот поглавник Анте Павелиќ на Бугарија, кога поттикнува на заедничка борба за ослободување на Македонците и Хрватите од српското угнетување во кралство Југославија, за пред самите Бугари за Македонците зборува како посебен народ.
„… Тиранијата под која патат подеднакво Хрватите и Македонците, пострашна е од 100годишно ропство и турскиот јарем. Ги повикувам сите луѓе кои ја сакаат слободата, лична и национална, да се сетат за слободата на Македонците и Хрватите, паднатите народни водачи како што беа Стјепан Радиќ и други и нивниот спомен го задржат во пријателство засекогаш. 10годишните напори и борби против белградскиот режим на подјармување и угнетување докажаа дека повеќе нема смисла да се води борба со легални средства и дека после досегашното искуство со Белград само илегалната борба. (Овде говорникот бил прекинат со извиците ‘Борба со оружје!’) …“

„… На поздравот др. Павелиќ одговорил дека Македонците и Хрватите имаат заедничка судбина, а и заеднички цели во борбата, дека и двата народа мораат заеднички да се борат и да се сложат со заедничките пријатели [н.з. веројатно мисли на Бугарите], како би донеле мир на Балканот.
…
Целта на патот на др. Павелиќ во Бугарија е
СОЗДАВАЊЕ ВРСКИ ПОМЕЃУ ХРВАТСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ И МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ
…
После дочекот др. Павелиќ изјавил дека судбината на Хрватите и Македонците под теретот на Белград е иста и дека налага заедничка борба. Г. Густав Перчец помеѓу останатото рече: ‘Браќа Бугари и Македонци! Вие наскоро ќе одбележите 50годишнина од ослободувањето од Турците. Но друг дел од вашиот народ трпи уште под потешко ропство од турското под кој се наоѓа и пропаѓа хрватскиот народ. Но наскоро ќе дојде ден кога со заедничките напори на обесправените и потиштени народи ќе биде срушено ова ново ропство.’ …“

Посочил: TomoRaz

