1903.08.02 — 1903.10.02_Macedonian War

Зошто учиме дека Илинденското Востание било востание, а не војна!?

Точно е дека планот за Илинденското Vостание било да се крене востание, и затоа го нарекле “востание”. Меѓутоа, кога се кренало, тактиката и состојбата се промениле и начинот на кое се водело веќе не претставувало востание, туку војна. Така, странските новински агенции со право го именуваат “војната во Македонија.”

На пример, ако кризата во Словенија во Јули 1991 за независност е наречена 10-дневна војна, кое немало никакви човечки загуби, ниту запалени села и градови се вика војна, а додека Илинденското востание го нарекуваме востание.

Самиот збор “војна” има и силно значење за добивање поддршка и симпатии од светската јавност и меѓу оние кои никогаш не слушнале за овој дел од светот. Играта на зборови како “Војната во Хрватска за независност”, или “Војната во Косово”, будат чуство на симпатија кон оние што се борат да постигнат човекови права и слободи Додека пак денес зборовите “востание” и “востаници” се доживуваат како вид на бунтовници и воглавно асоцираат на илегални вооружени формации. На пример, не знаејќи ништо за Чеченскиот народ, ние ги доживуваме како терористи, зашто се борат против легитимната држава Русија. Меѓутоа, кога ќе се структурира како “Војната во Чеченија за издвојување на вековиот сон на Чеченците за независност”, веднаш се појавуваат симпатии меѓу светската јавност и поддршка во нивната борба за слобода.

Обработил: Ash W

Слична содржина
1903.11_California Ladies' Magazine