Category: АII СВЕДОШТВА
Изјави и постапки кои одат во прилог на македонската самобитност.
2007.08_ОМО „Илинден“ – Пирин – невладина организација
Бугарија пронајде нов начин да не дозволи регистрација на политичката партија ОМО Илинден Пирин. Наместо партија на Македонците во Бугарија, им нуди регистрација на невладина организација. Вчера по средбата во софискиот градски суд, бугарското Јавно обвинителство излегло со тврдење дека ОМО Илинден пирин нема партиски цели, туку цели на невладина организација. Според Стојко Стојков, претседател на ОМО Илинден Пирин, ова…
2007.08_ОМО „Илинден“ – Пирин повторно бара регистрација
Партијата на Македонците од Бугарија ОМО „Илинден“ – ПИРИН повторно побарала да биде регистрирана, дознава „Дневник“. Документите биле поднесени во минатиот петок до софискиот суд што ја врши регистрацијата на политичките партии. Претходно било одржано основачко собрание на партијата на кое 685 делегати избрале петчлено претседателство. Иван Сингартиски, член на раководството, вчера потврди дека регистрацијата се бара и врз основа…
2007.04-05_ОМО Илинден во лавиринтот на Советот на Европа
Бугарија ако ги исплатила парите за отштета не направила ништо за регистрација на партијата. СТРАЗБУР – Членовите на Работната група за човекови права на Комитетот на министрите на Советот на Европа, задолжена да го следи извршувањето на пресудите на Европскиот суд за правата на човекот, при разгледувањето на четирите предмети поврзани со регистрацијата, поточно нерегистрацијата на ОМО „Илинден“ и ОМО…
2007.10_ОМО Илинден – ПИРИН учествуваше на изборите во Бугарија
ОМО Илинден-ПИРИН учествуваше на изборите во Бугарија Партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-ПИРИН преку свои независни кандидати учествуваше на локалните избори што вчера се одржаа во Бугарија. Нерегистрираната партија има свои кандидати во општините Сандански, Благоевград, Гоце Делчев и Петрич, а во Разлог ги поддржа кандидатите на Бугарскиот земјоделски народен сојуз, кои се приврзаници на ОМО Илинден-ПИРИН. ОМО Илинден-ПИРИН…
2007.04_Пиринските Македонци ќе се одбранат демократски
Ние ќе бидеме упорни, ќе чекаме и ќе ја водиме битката за регистрација на партијата со сите демократски средства бидејќи е очигледно дека незаконски не’ попречуваат во нашата акција, вели Сингартиски. Чествувањата на годишнината од загинувањето на македонскиот херој Јане Сандански одамна станаа репер за положбата на Македонците во Бугарија. Забрани, насилство од полицијата, повремени дозволи, судири со ултранационалистите на…
2007.06_Стразбур ќе го решава проблемот на ОМО
Бугарската влада и секретаријатот на СЕ треба заеднички да најдат решение за регистрација на партијата на Македонците, е заклучено на последната седница на Комитетот Случајот со ОМО „Илинден“-ПИРИН, партијата на Македонците во Бугарија, се движи во позитивна насока, оценија вчера дипломати во Стразбур. Нивната оценка доаѓа по последниот специјален состанок на Комитетот на министрите кој на 5 и 6 јуни…
2007.04_ОМО „Илинден“ – ПИРИН ќе учествува на локалните избори во Бугарија
Партијата на Македонците ќе поддржи независни или кандидати на други партии Доколку учествувавме како партија во изборната трка, тогаш сигурно ќе постигневме прилично голем успех, нагласува Стојко Стојков: од прослава на ОМО Илинден Пирин пред споменикот на Јане Сандански во Мелник ОМО „Илинден“ – Пирин ќе учествува на локалните избори во Бугарија кои се одржуваат на 28 октомври. Не директно,…
Јордан Костадинов (1932 – 2019)
Во периодот по 1950 година во Пиринска Македонија се одржани неколку политички процеси на малолетни младинци од 16-17 години, кои формирале македонски илегални организации. … Осудените младинци беа испраќани во воспитните домови во Бојчиновци. Некои од нив се: младите од село Катунци и село Јаново: Димитар Бундов и Благој Гуштеров, како и Венко Темеќаров од гимназијата „Гоце Делчев“. Од гимназијата…
Rodolfo Foa – ‘L’Italia all’Estro’
Во книгата на италијанскиот писател е дадена изјава на Сандански: Македонците ќе ја ослободат Македонија без мешање на соседните држави: во Македонија не треба да има ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, ниту Романци, ниту Турци, туку само Македонци.
1953_Елефтериос Ставридис – ‘Зад кулисите на КПГ’, с214, Атина
„… Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи,…
2018_Јордан Костадинов – ‘Жестокоста на бугарскиот национализам и неговите слуги против Македонците’, Штип
Книга на Јордан Костадинов еден од најистакнатите борци за човековите права на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија. „… Во периодот по 1950 година во Пиринска Македонија се одржани неколку политички процеси на малолетни младинци од 16-17 години, кои формирале македонски илегални организации. … Осудените младинци беа испраќани во воспитните домови во Бојчиновци. Некои од нив се: младите од село…
Владислав Славчо Ковачев
Пет минути од деноноќието и` посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се` друго на светот. Политичкото вјерују на Македонците Ја сакам Македонија неизмерно и повеќе од се` друго на светот. Верувам постојано…
Јане Сандански
Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат. • Писмо до жителите на…
2014.05.19_2014.05.19_Димитриј Јоану – грчките власти ги крадат нашите гласови
Имаме докази дека грчките власти на секои евроизбори ги крадат нашите гласови. Според Јоану, станува збор за човек кој на сите изминати избори бил сведок на крадењето гласови. Истиот тој сега е подготвен да ја каже вистината пред надлежните институции – На секои ЕУ-избори, буквално, грчките власти го активираат својот механизам за бришење, односно крадење на нашите гласови, за да прикажат…
2012.09.13_Зошто Стилиан го закачи знамето на полицијата во Солун
„Тоа беше лично моја акција која ја извршив по моја одлука. Причината е поради тоа што некои овдешни Македонци [од Беломорска Македонија] почнаа да ме обвинуваат дека сум се откажал од македонската идеологија и дека сум преминал на грчка страна. Оваа иницијатива беше одговор на таквите обвинувања.“ – вели Стилијан. Читај повеќе од: mkd-news.com








