Category: АII СВЕДОШТВА
Изјави и постапки кои одат во прилог на македонската самобитност.
Павел Шатев
• 1928.11.10 – ‘Македонско Дело – Безимени’, бр 77 • На секој Македонец, каде и да се наоѓа, му се налага задолжителен долг да протестира, да се бори кој со што може и да ги штити своите права и своите интереси, презирајќи ги сегашните натрапени водачи, кои со престапничка кусогледост и незнаење го водат македонскиот народ кон отворена смрт и…
Васил Антевски – Дрен
Ненадејно се приближи до масата на претседателот на Судот и посегна по десниот џеб на палтото. Врз масата истресе нешто од шамичето што го извади од џебот. Пред судот на масата се најдоа ноктите, како неумоливи сведоштва од сите десет прсти од нозете на Васил. Со презрив поглед се обрати кон претседателот: Јас сум син на македонски селанец и македонска…
Петко Рачов Славејков
• 1871.01.18 – ‘Македонија’ – Македонски в’прос • Многу пати имаме слушано од Македонистите, дека тие не се Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш чекавме доказ од нив, но никогаш не го добивме. Македонците никогаш не ни покажале основа за таквото мислење. Ни се спротивставуваат нам гледајќи се како Македонци, што тие воопшто не можат да…
Петар Даниилович Драганов (1857-1928)
• 1894 • Meѓу Македонците има очајни бугаромани и очајни србомани, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти коишто велат дека [Maкeдонците] никако не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и на Душан Српски. • • • Србите и особено Бугарите го презираат македонското наречје, а мене ме напаѓаат затоа што… препорачувам некаква посебна македонска литература… Тие…
1941+ « 1994_Cornelis Johannes George Spoelstra jr. (A. den Doolard)
“… Соседните кралства Грција, Србија и Бугарија имено ја сакаа Македонија секој за себе. Бугарите, народ од азиско, а не од словенско потекло, сепак ја спроведуваа најжестоката пропаганда. …” A. ден Долард e псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.). Во Охрид постои спомен соба на А. ден Долард која се…
1903_Иван Шишманов
• 1903_Иван Шишманов – Mинистер за образование во Бугарија, изјава дадена на францускиот новинар и книжевник Гастон Рутие • По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци… Ако Европа го мисли спротивното, таа греши, ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии.
Никола Зоографов
• Никола Зоографов како пунктов началник му пишува на Сарафов • Вооружувањето на Македонија е најважната работа на Комитетот. За да ја овенча со успех, неопходно му се нужни пограничните градови или содејството или бездејството на полицијата, затоа што ако полицијата на Бугарија не преследува, на сто седумдесет од работата ние ќе губиме. А многу пати од искуство знам дека…
Борис Сарафов
• 1902.07.02_Борис Сарафов – Орган стороннаков независимој Македонији • Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе нѐ ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците. • • • Ние Македонците се сметаме себе си како…
Арсени Танаско Јовков
• Весник „Илинден“, 14.09.1924 • Крајно време е да ги сфатиме нуждите за македонскиот печат, да ја сфатиме потребата од негово издигнување, ширење и усовршување и главно од еднокрајно разграничување на улогите на бугарскиот и македонскиот печат, при што последниот за Македонецот треба да биде евангелско четиво. • 1924 • Бугарскиот државен патриотизам и македонскиот патриотизам се две нешта,…
Михаил Герџиков (1877 – 1947)
Дека во борбата ќе бидат поддржани од Македонците, дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту им се влеваа надежи дека Бугарија ќе ја поддржи борбата. Јас му одговорив во смисла на тоа дека ние Одринци сме пред дилемата дали сега да дигнеме востание или воопшто да не го правиме тоа. Бидејќи Македонците се дигаат сега,…
Андон Лазов Јанев – Ќосето (1854 – 1953)
• 1933, Горна Џумаја • Браќа и сестри! Како скромен борец на Внатрешната македоно–одринска револуционерна организација, бев сведок и учесник во она велико дело што го изврши Македонецот пред триесет години, на Илинден 1903. Сега сум сведок на оваа свеченост на која се овековечи споменот на македонскиот четник и им оддавам почит на живите борци. Имам уште една – трета желба,…
2022.08.01_Petro Aleksowski – ‘Ο ΜΑΚΕΔΟΝΑΣ’/Македонец (документарно видео)
„… Ние сме Македонци, нека ни велат што сакаат, ние сме Македонци …“ Документарна емисија на потомок од раселените беломорски Македонци во Полска за родниот крај на своите предци со повеќе бегалски стории. Извор: Petro Aleksowski
2022.01_PNG (Илија) – ΗΧΟΧΡΩΜΑ (музичко видео)
Современи начини на кој помладите поколенија Македонци ги изразуваат своите чувства за одземените права и слободи во рамките на Република Грција. „Времето си лета и се ближи часот да видиш како угоре станува удолница десет години се качував среде ветришта и бури пубертетот ми има звучна боја од Бреговиќ Горан. Носат балкански носии, зборуваат друг јазик, не знаат кај да…
2022.01_Македонец од Беломорска Македонија (видео)
Сведоштво на Македонец кој во грчка војска бил учен да ги мрази Македонците. „На мајка ми и татко ми им беше страв да ми кажат кои сме. Кога се вратив дома и почнав да пејам песни за грчки херои, им падна многу тешко… после дознав кој сум и кои сме.“ Посочил: Македонија Macedonia Macédoine
1975_Лика Чопова Јурукова (внука на Гоце Делчев) – Гоце Делчев ѝ припаѓа единствено на Македонија
„’Македонија на Македонците’ беше рекол вујко ми Гоце. Макар што е малечка таа цути… Имам само една желба: вистината за Гоце и за моето семејство да му ја кажам на светот. Таму (во Бугарија м.з.) тоа го кажував, но сè не можев да кажам – некои работи ми бришеа, а некои, воопшто, не ги објавуваа.“ „Гоце Делчев ѝ припаѓа единствено…

