Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1836_David Fosdick Jn. – ‘Introduction to The New Testament’
Американска книга од 1836 година во која постои јасно народносно раздвојување на Македонците од Хелените (Грците) во древните времиња.
1400+_За Словените во древноста
Постојат средновековни автори кои не се согласуваат со северното потекло на словенството. Временски и земјописно словенството го поместуваат во древноста (антиката) и тврдат дека некои од славните историски личности како Александар, Филип, Јустинијан биле Словени.
2011_John Marincola – ‘A Companion to Greek and Roman Historiography’
Египетската историја преполна во борби со …Евреите, Персијците, Македонците и Грците… упатница до изворот
1900-_Македонското Кралство на руски фрескопис
Македонско, не грчко или хеленско, Кралство како едно од четирите повеќевековни империи кои превладувале со евроазиските простори.
-0350+_Macedonia, p5
Пасоси кои многу добро го објаснуваат односот на древните Македонци (како и на другите народи) кон Хеленизмот. – Македонскиот јазик не само што бил различен од хеленскиот, туку и кога го учеле, Македонците имале проблем со неговиот изговор. Кога Македонците го користеле хеленскиот јазик имале груб и чуден изговор. – Македонското благородништво ја проучувало хеленската филозофија и ги рецитирало пишуваните…
-0359_History of Macedonia
„… Хелените самите гледале на нив како варвари, што значи дека не се од Хеленска припадност. … Меѓутоа иако Македонците не се Хелени, некои од нивните (македонски) владетели (суверени) себе си сметале за потомци на хеленската раса …“ Овој чуден однос станува јасен ако се знае дека Хеленизмот бил помодарска религиско-филозофска идеологија која била од некои владетели негирана и отфрлана,…
Nikola Karev, (1903.05.08)
Јас сум Македонец непосреден потомок на Александар и древните Македонци!
1980+_Victor Hanson (US historian)
„… Древните Македонци не биле Грци …“ Изјава на американскиот историчар Виктор Хенсон.
1991+_Lawrence Eagleburger (US state secretary)
„… Грција тврди дека Македон и Македонците, исто како и Александар од Македонија се нивни. Ова е лажно тврдење и време е некој тоа да го потврди …“ Изјава на некогашниот американски државен секретар Лоренс Иглбургер.
1990+_dr Frank Westenfelder – ‘Alexander der Große zwischen Patriotismus und Söldnertum’
„… Александар и Македонците дефинитивно не биле Грци …“ Изјава на германскиот историчар Франк Вестенфелдер..
1987, 1991, 2006_Martin Bernal – ‘Black Athena’
Високообразованиот британски професор доктор по историја Мартин Бернал во своето дело „Црна Атина“ пишува за африканските корени на древната хеленска култура.
1827_Првиот грчки Устав (одредница за Грк)
Според првиот Устав на Грција од 1827 година Грци се: 1. Сите домородни луѓе од Грчката Држава кои веруваат во Христос. 2. Сите оние, верници во Христос, кои под Османлиското ропство, дошле или ќе дојдат во Грчката Држава за да се борат или да живеат во неа. Ако за да се биде Грк не се бара крвна врска со Хелените…
1828_Јоанис Каподистриас (прв грчки Премиер)
Македонија никогаш не била грчка земја. „… Во древните времиња реката Војуша (Вјосе) и планината Олимп ја раздвојувале Грција од северните соседи. Во средниот век и модерните времиња Тесалија секогаш била грчка. Но Македонија била населена со Словени и други раси …“ Изјава на Јоанис Каподистријас (1776-1831) кој бил руски министер за надворешни работи со грчко потекло и прв премиер…
2009.06.23_Nikos Dimou за New York Times
Ние за говорење користевме Албански и себе си се нарекувавме Римјани (Ромеи). Меѓутоа Винкелман, Гете, Виктор Иго, Делакроа, тие сите ни рекоа: ‘Не вие сте Хелени, директни наследници на Платон и Сократ’, и тоа ја заврши работата. Ако на мала, сиромашна нација на рамења и се стави таков товар, никогаш нема да се опорави.
1981+_Maria Efthimiou (many Greeks were Albanians)
Грчката историчарка Мариа Ефтимоу професорка на Атинскиот Универзитет тврди дека: албанскиот јазик во многу делови од Грција бил примарен јазик на кој населението зборувало.