Оддел: А9.2 Само слика
Докази за македонската самобитност од СВЕТСКИОТ ПЕЧАТ со изворна слика, но без посока за времето или потеклото на документот.
1924.09.16_Les assassins de Todor Alexandroff sont exécutés
„…Тодор Александров шефот на Македонските револуционери … Да живее Македонија, слободна и независна … Генерал Протоѓеров“ Посочил: SamuGun (2020.01.25)
1941~1949.06.26_Raids by Greek Terrorist
„… ПРОГОНИ ОД ГРЧКИ ТЕРОРИСТИ Лондон, Жетвар 26 (A.A.P) Оптужбите во Југословенскиот печат дека банди од Грчки Е.Д.Е.С под команда на Генерал Зервас, спроведуваат терор програма против Македонците, подигнаа стравови дека може да настанат сериозни меѓународни компликации. Извештаите тврдат дека бегалците идат преку Скопје, (порано Ускуб) во Србија, со приказни дека се истерани од своите домови со грабеж и насилство….
1900~_Македонски бомбаши
МАКЕДОНСКИ ФРЛАЧИ НА БОМБИ. Краток опис: Македонските востаници кои се борат со турските војски како најделотворно оружје користеле рачни бомби. Опишан е составот на бомбите и начинот на кој се палеле непосредно пред фрлањето. Ова оружје посебно било делотворно во планинските борби и ималп силно деморализирачко дејство врз непријателските сили. Начинот на палење на бомбите пред нивното фрлање зборува за…
1941-1945.08.30_Daily News, West Leederville (J. S. Marian)
Новинската вест зборува за присилната хеленизација врз Македонците кои се нашле во грчкиот дел од Македонија. На крајот се наведува дека од извештаите од Титовите партизани се дознава дека народот се борел за слободна и обединета Македонија.
1903.09.06_Сликовница ‘Soleil du Dimanche’
„… Македонија во оган: турските трупи во Битола го гаснат огнот од бомбите на Македонските револуционери …“
1900+.03.31_London Times – New York Times – Novoe Vremya
Статија насловена „Русија нема да има помогне на Македонците“ пренесува званичен руски став дека независно од агитацијата од македонските патриоти Русија нема да биде навлечена да се замеша во политичките состојби во Македонија.
1954+_What is in a language
Весникот известува за југословенско-бугарските дипломатски спорови околу македонскиот јазик и за постоењето на негирани македонски малцинства во Бугарија и Грција.
1920~_Todor Alexandroff, le chef des revolutionaires Macedoniens
Во оваа статија како и во целата светската јавност Тодор Александров бил сметан како што и се претставувал за македонски водач кој се бори за ослободување на македонскиот народ. Надворешното произнесување под притисок на стремежите на македонскиот народ не било во согласност со внатрешните чувства што може да се согледа од неговите приватни документи како и од неговото однесување кон…
1918_Македонци во фолклорна облека
Слика од светската штампа под која стои: „Македонци во фолклорна облека“. И покрај силната политичка негаторска пропаганда од нашите соседи која се одразувала на односот на светската штампа кон Македонците, големата присутност на употребата на зборот Македонци укажува за националната раздвоеност на Македонците на ниво на народ.
1904_Македонски јазик во американска штампа
Вишанов од Македонија кој ќе раскажува некои македонски необичности и ќе пее на македонски и бугарски јазик.
1900+_An appeal to civilization
„Херојските напори на Македонците за себе си да се ослободат од турската суровост.“ Една цртежна слика од светската штампа со наслов: „Повик до цивилизацијата“ каде што е претставен турски војник како ја измачува Македонија претставена како девојка која повикува за помош кон големите сили додека тие меѓусебно за забавуваат. Долу под сликата стои: „Херојските напори на Македонците за себе си…
1906.04.17_Bulgarian outrages – Macedonian incinerated
Пробугарските врховисти ги напаѓаат Македонците. Запалиле жива жена и нејзините две мали деца затоа што му дале гостопримството на Јане Сандански.
1912.11.27_Bernard Partridge – ‘Macedonia, Freedom at last’ (drawing)
Македонија конечно слободна! Ослободувањето на Македонија од тиранијата на Турците, конечно е постигнато. Свесни и чувствителни луѓе припадници на разни народи знаеле и јавно го изнесувале сочувствувањето со посебно тешките страдања кои низ историјата ги имал македонскиот народ.