Category: А09 Светски печат
Докази за македонската самобитност потврдено со изворни слики од СВЕТСКИОТ НОВИНАРСКИ ПЕЧАТ.
1903.10.21_The New York Times – Plans of Macedonians
ПЛАНОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ. Странскиот дописник успеал да стапи во врска со македонски револуционерен водач. Преку него дознава за планот да се одржуваат борбени дејства и во текот на зимата, зависно од временските услови, додека напролет повторно би дигнале востание со цел да се покаже дека Турција не може да го среди македонското прашање. Турците вршеле разни злосторства, ги убивале…
1903.12.03_The New York Times – Macedonia’s heroic struggle for freedom
ХЕРОЈСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА Една подолга весникарска статија која многу прецизно ја претставила состојбата со македонското ослободително движење. На почетокот укажува за сличностите на македонското ослободително движење за слобода со претходната успешна бугарска борба за ослободување од турското владеење. Дава опис на исклучително тешкиот востанички живот. Споменува учество и на жени востаници, посебно споменувајќи Екатерина Арнаудова која била…
1903.08.15_The New York Times – will aid Macedonians
За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО. Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја…
1904.02.17_The New York Times – Fear of Balkan war
Со одлуки на бугарската Влада и бугарското Собрание се вршело потиснување на македонските комитети и се преземале разни мерки за македонскиот народ да биде мирен и да не се буни. „… Собранието денес, после долга и вжештена расправа, прифати одлука која одобрува дејство на Владата во потиснување на Македонските комитети. … намерата на Бугарската Влада да го држи народот од…
1905.12.05_Wanganui Herald, Volume XXXIX, Issue 11731, p7
„… БУГАРИЈА И ТУРЦИЈА КОНСТАНТИНОПОЛ, Снежник 4. Бугарија ја обвинува Турција дека е во дослух (им прогледува н.з.) за грчките колежи врз Бугари и МАКЕДОНЦИ. …“ Посочила: DragonGirl
1905.03.22_Evening Post, Volume LXIX, Issue 68, p5
„… БЕЗРЕДИЈА НА БАЛКАНОТ. ТУРЦИТЕ И ГРЦИТЕ ЗДРУЖЕНИ. Во Софија превладува вознемиреност за тоа што Турците и Грците се здружени против Бугарите и Македонците. …“ Посочила: DragonGirl
1895.08.13_Evening Post, volume L, Issue 38, p2
„Македонците апелирале до г-дин Гледстоун да им помогне во нивната борба против турското угнетување.“ Посочила: DragonGirl
1911.09.23_Evening Post, Issue 73, p10
Во статијата се известува за злосторствата на Младотурците. Така во Албанија некој си Торгут Паша извршил варварски злосторства врз Бугари, МАКЕДОНЦИ, Грци и Срби. Претходно се наведува дека во Османлиското Царство не биле признати националностите, туку само вероисповедите и при тоа наведени се: Грци, Ерменци и Бугари. Посочила: DragonGirl
1808.09.07_The Times, London
Едно од најстарите весникарски известувања каде што се споменуваат Македонците и тоа како посебен народ. Исечекот известува за воените судири на Балканот. Покрај известувањата за текот на српското востание предводено од Црни Ѓорѓе, споменува судир меѓу Мухтар Паша кој се кренал против својот татко Али Паша – Паша на Албанија. Македонците застанале на страната на синот, додека Албанците на страна…
1916.05.04_The Lethbridge Herald, p33, Alberta
Веста известува дека во тоа време бугарската војска значително пораснала со присилно мобилизирање на „Турци, МАКЕДОНЦИ, Грци, Евреи и Романци и Срби“. Бидејќи сите други наведени се народи тогаш и сега, доколку Македонците не се посебен народ, воопшто не би биле наведени; или би биле наведени како Бугари од Македонија. „… БУГАРИТЕ ГИ ПРИТИСКААТ СРБИТЕ ЗА ВО ВОЈСКА Рим,…
1945.08.24_Council Bluffs (Iowa) Nonpareil, p9
Македонија бара Автономија Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија. Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни…
1905.09.14_The San Francisco Call
Бил откриен заговор за убивање на монарсите, српскиот крал Петар и бугарскиот принц Фердинанд, со цел големите сили да бидат принудени да се вмешаат – со надеж за објавување на Македонска автономија. Во истата вест се додава дека обидот за атентат на турскиот Султан во двор од џамија во Константинопол било дело на истата организација. Посочила: DragonGirl
1903.02.24_The San Francisco Call
„… Македонците и Бугарите се покажуваат решени да стават крај на тајната дипломатија и да иссилат отворено признавање на нивните барања. … Тој (Султанот н.з.) ги збриша Грците многу лесно и верува дека може да ги збрише Бугарите и Македонците со подеднаква леснотија …“ И по кој знае кој пат наведени Бугари, Грци како народи и одвоени од нив Македонците…
1913.08.19_The Fort Wayne News, p2, Indiana
„… МАКЕДОНЦИТЕ ПОКАЖУВААТ РОДОЉУБИЕ ЗА ЗЕМЈАТА … Со оглед на тоа што, крајот на Балканско-Турската војна не донесе слобода за Македонија, туку широка поделба на нашата земја и народ помеѓу Србија и Грција и нашата нација присилена на подреденост на српско и грчко владеење, владеење многу потиранско отколку турското владеење. … Со оглед на тоа што српската и грчката Влада…
1934.01.17_New York Times – Macedonian leader seeks conciliation, p15
Македонскиот лидер бара помирување Софија, 16 коложег – Иван Михајлов, лидер на македонската револуционерна организација издаде вечерва прокламација, која се сфаќа важно како доказ за намалување на тензиите кои постојат меѓу Бугарија и нејзините соседи. Михајлов, горчлив непријател на Југославија и Грција, може да биде задоволен бидејќи е направено одредено настојување неодамна од Белград и Атина за да дојде до…







