Category: А10.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ.
1888 « 2002_Ben Fowkes – ’Ethnicity and ethnic conflict in the post-communist world‘
И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Б’лгарин иљи Србин. Темко Попов
2009.04.02_Peter Mackridge – ’Language and national identity in Greece, 1766-1976‘, Oxford
Повеќе сведоштва за нешто малку послободнa употреба на зборовите Македонци или македонски јазик во Грција сѐ до 30тите години на 20 век. Посочил: Карев
0600 – 0700 « 2014_Clifford R. Backman – ’The Worlds of mediaeval Europe‘, III, Oxford
Онолку колку што можеме да го разбереме напишаното, овој современ британски историчар во оксфордско издание тврди дека кога Славајните дошле, тука веќе имало Срби, Хрвати и Македонци. Со кои се претопиле и измешале, но му го наметнале јазикот. „… Воениот сојуз со Аварите им даде снага да пречекорат на Византиска територија. Бандите од Славјанските авантуристи стигнале до Егејско Море до…
1923.10.23_Baron Rose – ’Forty years of diplomacy‘, New York
„… Исто така има во Македонија народ кои одбиваат да се сметаат ниту како Срби, ниту Бугари, и кои сакаат да бидат просто Македонци. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1997_John Shea – ‘Macedonia and Greece – The struggle to define a New Balkan Nation’
„Постојат докази дека Славјаните од Македонија се нарекувале себе си ‘Македонци’ уште во 10 век. Истовремено Византиските цареви започнале да ги викаат Македонските Славјани ‘Македонци’, затоа што тие станале политички најзначајното население во подрачјето. Пишуваните докази и опстанати круни (crests ?) од 16 век ја истакнуваат Македонската посебност од другите Балкански територии. Кога другите Балкански држави се бунат против Турците…
0600–0800_Различни автори – Славјанското преплавување на Ромеја
Разни извори зборуваат за преплавувањето на Ромеја (Византија) со славјанско население сѐ до и вклучувајќи го Пелопонез на југ. При тоа уште веднаш почнува да се создава разликување на Македонски Славјани, Грчки Славјани, Тракиски Славјани…, соодветно со создавањето на нивните повеќе или помалку самостојни Склавинии.
1996_Paul R. Magosci – ’The History of Ukraine, The land and its peoples‘, Seattle
„… Едно нешто е сигурно: пишуваниот јазик на Киевска Русија не бил заснован на ниту еден од зборуваните јазици или наречја на жителите. Со други зборови, немал основа во ниеден од Источно Славјанските наречја, ниту е гранка од препоставен постар облик на Украински, Белоруски или Руски. Туку бил книжевен јазик, познат како ‘Стар Црковно Славјански’ изворно заснован на наречјата од…
-0133 « 1878_Fanny Janet Blunt – ’The people of Turkey‘
Често пати грчките пропагандисти користат податоци кои во негирањето на македонскиот народ ги претставуваат како да се во нивна полза но при подобар преглед излегува дека тоа воопшто не е така. Еве еден таков извадок: Во Тракија и Македонија, каде хеленската крв и својства преовладуваат и хеленското влијание посилно се чувствува, луѓето себе си се нарекуваат Тракијци и Македонци, повеќе…
1844_Charles Rollin – ‘Ancient history in IV volumes’, vol I, pg414
Macedonia. It was a long time before the Greeks had any great regard to Macedonia. Her kings living retired in woods and mountains, seemed not to be considered as a part of Greece. They pretended, that their kings, of whom Caranus was the first, were descendants from Hercules. Philip and his son Alexander raised the glory of this kingdom to…
1861_C. Muller- ’Geographi Graeci Minores‘, 2, 574, Paris
„… Тие се докажани дека се сместиле во секоја област од Грција. … И сега скитските Словени го населиле цел Епир и скоро цела Грција, Пелопонез и Македонија. …“
1806-1812 « 1854_Липранди – ’Обозрѣние пространства‘, Санкт Петербург
Македонците во руската документација пред почетокот на противмакедонските пропаганди потполно несомнено се издвојувани како засебен народ на почетокот од 19 век. Посочил: Пољакот од Македонија
1907_Т.Д.Флоринскій – ’Славянское Племя‘, Кiевь
Македонците се посебен народ. Кога македонските словени за себе го употребуваат зборот Бугарин тоа не е национално име и тоа етнички не означува болгарин. Посочил: Пољакот од Македонија
1444_Антонио де Бонфини – ’Историја на Унгарците‘
Во време кога на Балканот веќе се присутни Турците за време на крстоносен поход унгарски летописец запишува Македонци како жители јужно од Бугарија. Истиот летописец Бугарите ги определува како славјански народ со ист корен како Пољаците. Посочил: Пољакот од Македонија
1908_Allen Upward – ’The east end of Europe‘, pg.202-204, London
„… Во Владово (Воденско), првото село, стигнавме по 2 часа јавање… Побарав да го повикаат човекот кој изгледа беше водечки човек на тоа место и тој дојде во стражарската куќичка и слободно одговори на моите прашања во присуство на еден турски капетан. Прашав на кој јазик зборуваат тие, а мојот грчки преведувач невнимателно преведе ‘булгаре’, а човекот всушност рече ‘македонски!’….
1977_Ivan Dorovski – ’Sbornik praci filozoficke fakulty Brnenske university‘, p123-126, Brno
Познатиот чешки книжевник, историчар и преведувач – Иван Доровски, во својот труд за развојот на литературните процеси на Балканот во 19ти век посочува дека во 1840тите години тогашните т.н. бугарски учители ја воочиле различноста меѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Еден од тие учители, Најден Јовановиќ и практично ја потврдил разликата во 1846 година кога го направил и отпечатил првиот (досега…


