Category: АII СВЕДОШТВА
Изјави и постапки кои одат во прилог на македонската самобитност.
Збирка народни сведоштва – Беломорско 2023 (видео листотека)
Збирка на видеа (снимени 2023 година) со разни дружбени сведоштва за македонскиот народ во јужниот дел од Македонија. За секое следно видео од листотеката кликнете на копчето од видеото.
2022.06_Австралиското биро за статистика – Белинда Делиос за Македонци Православни
Белинда Делиос успеа да ги убеди австралиските власти дека за православните Македонци, невалидна е графата „Greek Orthodox“, туку е потребна и графа „Macedonian Orthodox“. На наредните пописи во Австралија во делот за вероисповед на пописницата ќе има посебна графа „Macedonian Orthodox“ што ќе овозможи да се добиваат поточни резултати за вероисповедта на Македонците во Австралија. Конечно се оствари долгогодишната желба…
2008+_Александра Јоаниду – македонскиот јазик постоел од 6 век
Грчкиот јазичар Александра Јоаниду потврдува дека македонскиот јазик со сигурност веќе постоел во 6ти век и во беломорска Македонија сѐ уште се зборува.
2023.03.16_Димитар Атанасов, член на БАН
„… Левата тоталитарна идеологија стана државна идеологија во Бугарија. Според тој национален комунизам Македонците не постојат, тие се Бугари и државата треба само да им удри два шамара на Македонците, како на мали деца, за да не прават беља. Таа работа не бива. Секој е слободен да се определи онака како што сака и слободно да може да каже дали…
Стојан Куликов – Толе Паша
Тие од Битола ме осудиле на смрт како врховист. Но, јас не разбирам ништо, ниту од врховизам, ниту од централизам (црволизам-врволизам), како се вика немам абер од него, јас знам оти се борам за Македонија, но не за врховистите (врволистите) од Бугарија, и не за Бугарија. Еве ви ја пушката војводо, давам ти ја. Како сум знаел така сум работел…
2018.05.09_Виктор Фридман – Грците се многу несигурни
„Македонија општо, посебно Скопје, го претставува последното место на Балканот на кое условите кои го создадоа балканскиот јазичен сојуз сè уште постојат на одредено ниво. Сакав да го проучам тоа и да го документирам неговото постојано присуство денес“ ќе рече американскиот професор Виктор Фридмен, еден од најистакнатите експерти за балкански јазици, во интервју со некогашниот директор на Balkanalysis Кристофер Делисо. Што е…
1935_К. Поп Стефанија
Сум трагал за песната „Народе македонски“. Сум е вртел цела Преспа одозгора од Лерин десно, па ко ќе одиш за Костур, тука се Загоричани, кое три пати е изгорено. Песнава „Народе македонски“ е настаната во Загоричани, кога го земат, кога го фашчет војводата Марко Лерински тој е војвода наш, и го носет Лерин; пред да го бесат му наместиле столица,…
2021.03.13_Атанас Кирјаков – Војводата
Македонскиот деец Атанас Кирјаков – Војводата од Благоевград му возврати на бугарскиот Вицепремиер и Министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој ги повика Македонците што имаат и бугарско државјанство на претстојните избори да гласаат за неговата партија ВМРО-БНД. „Кога ќе дојде време бугарскиот суд да регистрира македонска партија (како ОМО ‘Илинден’), тогаш сите 100.000 Македонци од Република Македонија што имаат бугарски…
1992+_Wolf Oschlies
The mid-century German authors did not make any distinction between ancient Macedonia and any other Macedonian country. As far as they were concerned, Macedonia has always existed as an entity. They acknowledged that Macedonia offered Europe the best examples of wisdom. Therefore, according to them, if Europe were to lose Macedonia it would soon be lost itself. Средновековните германски…
1920_H. G. Wells – ‘The Outline of History’, p489, Garden City, New York
„… За оваа Источна или Византиска империја главно се зборува дека била продолжение на Римската Империја. Но многу повеќе таа била преродба на Александровота империја …“. Наведено од 2000_Симе Пандовски – ‘Македонија, праисторија империја и денес’, Битола, с178
1928.01.08_Guy Hickok – The Brooklyn Daily Eagle newspaper, New York
Јужно и западно од Бугарите, се простираат Македонците… не сосема Бугари како народ и исто така не Срби. To the south and west of the Bulgarians, lay the Macedonians…not quite Bulgarian by race and also not Serbian. Guy Hickok бил американски новинар, пријател со Ernest Hemingway. Посочил: Саша Узунов
1988.08_Македонски Национален Комитет – ’Повик за општонароден протест‘, Њу Јорк
„ … ПОВИК Македонскиот Национален Комитет го повикува целиот македонски народ да земе учество на големиот општо-македонски народен протест на: 10 август 1988 г. пред зградата на Обединетите Нации во градот Њу Јорк С.А.Д. Протестот се организира по повод 75 години од поделбата на Македонија која стана на 10 август 1913 година. …“ Посочил: Портал Македонска Нација
2022.01.28_Македонски здруженија – соопштение, Бугарија
Соопштението на македонските здруженија од Бугарија по денешната средба со македонскиот претседател Пендаровски. Систематска дискриминација и институционален говор на омраза „За нас тоа е многу ретка можност и чест. Ние претставуваме различни организации кои независно од некои разлики во своите идеи сме обединети од тоа што ги претставуваме и штитиме правата и интересите на Македонците во Бугарија и работиме во…
1905.05.26_Etore Lodi
На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. Труповите на 11 млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и…







