Category: А16.1 ДМК Слика посока
За врските на древните и сегашните Македонци поткрепено со СЛИКА И ПОСОКА.
1967-1969_Webster Dictionary language classification
Во едно од своите изданија и само во тоа издание познатата британска Вебстер (Webster) енциклопедија и речник излезе со разврстување на јазиците кое се совпаѓа со македонското национално гледиште негувано уште од национално-просветителскиот период – македонскиот јазик како најстар и изворен јазик на сите славјански јазици. Според табелата даден е следниот распоред: Како една од главните групи на ИНДО-ЕВРОПСКИ јазици…
1993_Eric John Ernest Hobsbawm – lecture opening the academic year, Central European University, Budapest
Британскиот историчар и писател Ерик Џон Ернест Хобсбаум во говорот при отворање на универзитетската школска година во Средишно Европскиот Универзитет во Будимпешта пред студентите меѓу другото ќе ја спомене грчката злоупотреба на историјата и нивното неоправдано ограничување на правото на името Македонија. Македонски: „… Најголемите идеолошки злоупотреби на историјата се повеќе засновани на анахронизам (*) отколку на лаги. Грчкиот национализам ѝ…
1601_Mavro Orbini – ‘Il Regno de gli Slavi’, Pezaro
Дубровничкиот писател, католички монах Мавро (Мавар, Мауро) Орбини во своето најзначајно дело „Кралството на Словените“ во еден пасос Александар Велики, древните Македонци како и Илирите, Трачаните и Мизијците ги прикажува како Словени. Исто така наведува дека јазикот на Русите бил ист со јазикот на древните Македонци. Подолу е дадена содржината на пасосот: „… Во една цариградска библиотека сочувана е…
1915.02.23_The Edwardsville Intelligencer, p9, Illinois
Македонците во древноста се сметани како посебен народ, наведен одвоено од Хелените. Посочила: DragonGirl
1922.12.03_San Antonio Express, p24, Texas
Македонците по кој знае кој пат наведени дека не се Грци. Статијата посветена на цивилизацијата на некогашна Асирија подоцна владеена од Персијци, Македонци, Грци, Римјани, Партијци и Арапи. Посочила: DragonGirl
1914.07.16_Richfield Reaper – Mark Spots Where Heroes Fell
Новинарската статија јасно назначува за поразувањето и поробувањето на Грција од страна на Македонците како негрчки народ. Посочила: DragonGirl
1934.06.26_Reno Evening Gazette, p5, Reno Nevada
Култот на Александар Во новинарската статија за време на подемот на фашизмот во Европа, се зборува како налик на Мусолиниевото повикување за обнова на Римската слава, Хитлеровото на Тевтонците, така и во Грција постоел обид за поврзување и обнова на славата на Александар Велики и старата древномакедонска историја. Сепак се наведува дека древните Грци тешко дека Александар би го признале…
1941.01.10_Kane County Standard
Во статијата која зборува за стопанството низ историјата, Македонците се наведени како посебен народ, меѓу многу други, кој во одредено време од историјата владеел со Египет – Асирци, Негрос (црнци ?), Семити, Сиријци, Персијци, Македонци, Грци, Римјани, Арапи, Турци, Французи и најпосле Англичани. Посочила: DragonGirl
1945.08.24_Council Bluffs – Macedonia Asks for Autonomy; Iowa, Nonpareil; p9
Македонија бара Автономија Весникот извонредно добро и подробно ја разбрал состојбата со македонското прашање. Зборува за Македонија како земја која не уживала национална сувереност уште од времето на Александар Велики. На едно од најпроблематичните точки во светот, македонските родољуби го оживуваат стариот плач за самостојна (автономна) Македонија. Зборува за поделеноста на Македонија помеѓу соседните земји. Повиците за самостојност се присутни…
1930.05.26_Charleston Daily Mail, p6, West Virginia, Mond
Александровите генерали во желбата да станат деспоти на Азија, неуспешно го подражавале човекот кој ги водел неговите Македонци и ги освоил Грците. Посочила: DragonGirl
1892_Dario Carraroli – ‘La leggenda di Alessandro Magno’, Mondovi
„… Македонците не биле Грци по народност, обичаи или склоности (…) тие набргу ги освоиле Грците, ја присвоиле нивната традиција и ги воделе до потфати за кои самите само сонувале. …“ „… Macedonians were not Greek by race, custom or tendency (…) they soon conquered the Greeks, appropriated their tradition and led them to undertakings which they had only dreamed…
1912.10.18_The Brooklyn Daily Eagle – Walks and Talks; p11
„До денешно време во Солун, Пела или Едеса се зборува дека Македонија никогаш не била дел од Грција, туку дека Грција била дел од Македонија! И ова е вистина. Македонците никогаш не беа Грци. Македонското царство под водство на Филип и проширена од Александар ги освоила Грција, Тракија, Египет, Сирија, Мала Азија, Месопотамија, Вавилонија, Асирија, најголем дел од Ерменија и…
0180—0230 « 1961_Herodian of Antioch’s – ‘History of the Roman Empire’, translated by Edward C. Echols
„… Ова е древниот пад на Грците; постојаното организирање на фракции едни против друг и нивниот копнеж да ги доведат до пропаст оние кои кон нив им изгледале за супериорни ја упропастиле Грција. Нивните древни кавги и внатрешни непријателства ги направиле лесен плен за Македонците и робови на Римјаните …“ Посочил: ДООМ
1767_Mathiam Antonium Relkovich – ‘Nova Slavonska i Nimacska Grammatika’
Славјанскиот јазик како мајка на многу други јазици: Московски, Полски, Пемски (?), Хрватски, Далматински, Славонски, Српски, МАКЕДОНСКИ, Албански, Босански… За разлика од северните славјански говори кои примиле германски зборови Албанците, МАКЕДОНЦИТЕ, Србите и Бошњаците попримиле многу турски зборови кои се измешале со славјанскиот говор. Хрватскиот просветителски писател, Матија Релковиќ, го наведува македонскиот јазик како еден од ограноците на словенскиот јазик…
~0000 « 2000+_Biblical Maps – ConformingToJesus Ministry
Збирка на земјописни карти изработени според напишаното во Библијата. Од сите книги и податоци Библијата е најтешко остварливо за да биде лажирана (фалсификувана). Покрај светотаинската причина, за тоа што Светото Писмо е заштитено од самиот Бог, гледано и од човечка страна исклучително тешко е Библијата да биде лажирана: • Во последните реченици од Библијата во книгата Откровение дадена е строга…







