Category: АV НАЦИОНАЛНА БОРБА
Податоци за националната борба за права и слободи на македонскиот народ.
1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘во Вичо …’
„ВО ВИЧО НЕПРИЈАТЕЛОТ НЕ КЕ ПОМИНИ“ Посочил: Sekula Vojvoda Fan Club
1948—1949_Граѓанска војна – партизански цртеж ‘Илинден’
Илинден како придвижувачки поттик за македонската национал-револуционерна борба во текот на Граѓанската војна во Грција. На цртежот е ставен слоганот: „Да јакнее военото единство на грчкиот и македонскиот народ во борбата за мир демократија национална независност“ што јасно зборува за националната македонска освестеност и поттиците за борбата која била водена. Посочил: Macedonia: a True Endless Story …
1903.09.04_The New York Times – Defeat of Macedonians
„… ПОРАЗИ НА МАКЕДОНЦИТЕ Султанот придвижил огромна војска од 80 000 луѓе за загушување на востанието во битолскиот вилает. Така големата броева надмоќност и надмоќната опрема под команда на Назир Паша на крај почнале да носат успеси кај Смилево, Клисура и Невеска. Во Смилево и Невеска биле ангажирани по пет баталјони и по една артилерска батерија, во Клисура шест баталјони….
1903.08.25_The New York Times – Turks lay waste to Macedonian towns
ТУРЦИТЕ ГИ ПУСТОШАТ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДОВИ Една поширока статија која известува за текот на востанието. Се известува за потврдени и непотврдени гласини за колежи, злосторства, убиства на затвореници. Посебно се истакнати злосторствата во Крушево, битолската и леринската област. Таму бил извршен општ колеж, скоро сите села биле разурнати. Делови од телата на убиените биле расфрлани низ Крушево и Битола. Во 21…
1903.08.23_The New York Times – Fighting at 15 places in Macedonia
Новинарската вест известува за разгорување на востанието (Илинденско н.з.) на многу места. Известува за борби на петнаесет места во Македонија. Турците изгубиле 300 луѓе при дејствата во Одринско, додека востаниците изгубиле четиринаесетмина. Биле користени бомби во Сребрење (Sreborene) кое било уништено. Таму се воделе тешки борби со големи загуби за Турците. Жените зеле активно учество со организирање на групи за…
1997_Драган Богдановски – Македонија не е втора бугарска држава, Малме
REPUBLIKA MAKEDONIJA NE E VTORA BUGARSKA DRŽAVA Najnoviot izum na falsifikatorskata mašinerija vo Sofija po odnos na Makedonija e deka Republika Makedonija bila vtora bugarska država po drugite primeri vo svetot kade od edna nacija postojat dve državi, kakva sto e Juna i Severna Koreja, ili kakvi sto bd^ Ze- padna i Istočna Germanija. So ovaa laga falsifiketorite od…
Васил Антевски – Дрен (1903 – 1942)
Васил Антевски, роден во с. Оморани, по професија бил адвокат дипломиран во Белград. Бескомпромисен борец за правата на македонскиот народ. Затворан и прогонуван и во периодот меѓу двете светски војни. Зема учество во Скопскиот партизански одред. Уапсен во Велес при обид да стапи во врска со Прилепскиот партизански одред. Пред бугарскиот фашистички суд покажал вонредна гордост и храброст. Одбил да…
Петар Христов – Германчето (1867 – 1907)
Бил страв и трепет за грчките андарти. За да не падне жив во рацете на турската војска, се самоубил 28 сечко 1907 година во Преспа – Дробитишта, во беломорска Македонија.
1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III
Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица…
Смиле Војданов
Четата на војводата Смиле Војданов.
Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин – 03.05.1942 битолско с. Лавци)
На 22 тревен 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 косар 1942 година одредот бил опколен од БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето од БУГАРИТЕ, а потоа умрела. За Народен…
1946.08.10_Методија Андонов – Ченто
За време на социјализмот кај подоцнежните поколенија македонски родољуби, Методија Андонов – Ченто ќе биде водечка инспиративна личност во борбата за независна и обединета Македонија. Запрашани за што се борат, многумина од нив одговарале „за идеите на Ченто“. Така што неговата жртва, неговото и страдањето на семејството нема да бидат залудни.
Методија Андонов – Ченто
Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците. • 1940.12.18 • Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот…
Петре Пирузе – Мајски
Водач на Народно – Ослободителната Војска во западна Македонија. Легендарен командант од Дебрца. После војната отстранет заради неговите замисли за самостојна и обединета Македонија.
Пандо Кљашев и Коршонов, Костур, (браќа Манаки 1898 г.)
Извор: mk.wikipedia






