Category: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1585_Tomaso Garzoni da Bagnacavallo – ‘La Piazza Universale di tutte le Professioni del Mondo, e Nobili et Ignobili’
Македонците како посебен народ со свој посебен јазик споредуван со други јазици. И во овој случај се гледа широкото толкување на поимот Бугари и менувањето на неговото значење низ историјата. Македонците не биле подведувани под Бугари до тоа време, но според писателот дошло до таква промена и сега се нарекувани Бугари. Но и не само Македонците, туку и Далматинците биле…
1870.06.01_Лист Македонiя – Единъ гласъ за всичка Македонiя, Цариградъ
Еден глас за цела Македонија Насловот на овој новинарски напис не е случаен. Тој претставува збирен повик, односно заеднички глас на Македонците, каде намерно и свесно е употребено името „Македонци“, како народносно име. Со што се нагласува самостојната поставеност на Македонија и Македонците. Написот на Македонецот објавен во весникот „МАКЕДОНИЈА“ покажува јасна македонска политичка и умствена самосвест во 1870 година…
Лазо Ангеловски
Не, јас не сум Лазарос Евангелидис, туку Лазо Ангеловски. Ние не сме Грци, туку Македонци. Јас верувам во мојот народ… Ме убедувате дека не постои таков народ, но погледнете од Лерин кон север – тие таму живеат и се радуваат на својата извојувана слобода. Драги Чичо, Ако дојде време Лерин да го ослободиме дојди и ти, донеси ја мојата мајка…
1925.11.10_Légation Hellénique en Suisse, R1695-41-39349-47674_581_1, p58-61, Berne
Дописот од Грчкото дипломатско претставништво при ‘Друштвото на народите’ во Берн, а поврзано со објавата на ‘Абецедарот’, претставува стратешки историски документ, кој ги потврдува македонските национални позиции. Дипломатско претставништво на Грција во Швајцарија Берн, 10 Студен 1925 Почитуван Директоре, Надоврзувајќи се на разговорот што го имав со вас пред неколку дена, чест ми е да ви испратам во прилог…
2011.01.04__Philip Freeman – ‘Alexander the Great’, p5
Македонското благородништво [аристократијата], имала наклонетост кон хеленството, слично како и благородништвото и богатите слоеви, кај сите други средоземни народи. Меѓутоа обичниот македонски народ, давал отпор и чувствувал одбивност кон тој претопувачки [асимилаторски] помодарски стремеж. Хеленизмот бил широк меѓународен, филозофско-култоролошки бран, кој го зафатил целото Средоземје, вклучувајќи делови од Црното и Јадранското Море. Иако пасторалните Македонци од планините се разликувале од…
1925.04.12_The Mansfield News – Not once but a 1000 times better is America to Macedonian group
Во статија поттикната од квалитетите на Македонците во Менсфилд, (САД) може да се види несомненото македонско национално чувство (1925 г). Никој ниту спомнува, ниту помислува на Срби, Бугари. Во еден дел вели дека многу нации се населиле во Македонија што нив (Македонците) ги тера да научат „нивните“ јазици за да можат да се разберат. При тоа како „нивните“ ги споменува…
1902.11.12_Εμπρός – Αναστασιοσ Γιαγκωφ, Αθήνα
„… Вчера го објавивме пристигнувањето на Македонецот, резервен полковник на бугарската армија, г. Анастас Јанков. … или подобро, како што самиот вели, само Македонец, г. Анастас Јанков, … мои сонародници од Македонија … регрутирав 300 луѓе во Бугарија кои ги наменив за востанието на Македонците … Во Софија, два дена претходно, бев гонет од полицијата и ризикував да бидам уапсен…
1992_Εκδοσεις «Δωδωνη» – Παυλος Μελας Βιογραφια, e2, Αθηνα – Γιαννινα
Овој исечок од животописот на Павлос Мелас документира за јазичната и културната одвоеност на местното население во Македонија од Грците на почетокот на 20 век. Фактите кои ги наведуваат грчките војводи – дека жените не знаат грчки, дека зборуваат со народ на македонски јазик и дека народот го прифаќа на тој јазик – се јасни докази за постоењето на македонскиот…
1635_Thomas Lansius – ‘Consultatio De Principe’, p149
Опишувајќи ја територијата под власт на Отоманската Империја во Европа, Македонија е наведена како посебна земја и административна единица, одделно од Бугарија, Србија, Грција. Оваа класификација од раниот XVII век покажува дека Македонија, во европската историографија и дипломатска литература од тоа време, била призната како посебна геополитичка единица. „… Империјата на Филип е поголема од Турската Империја; која сепак држи…
1508~1510_Marinus Barletius – ‘Historia de vita et gestis Scanderbegi Epirotarum principis’
Во собрани дела од Марин Барлеци за животот на Ѓорѓија Кастриот – Скендербег и реизданијата од 16 век, јасно пишува дека Ѓорѓија Кастриот, народносно, е Македонец, а дека Дебраните се Македонци. Во подоцнежните изданија од 18 век и т.н., се прави лажирање [фалсификат] и зборот Македонци бил избришан. Марин Барлеци (Marinus Barletius / Marin Barleti) ≈1455 – ≈1512/1520 Најважен македонски и…
1788_Philip John von Strahlenberg – ‘An historico-geographical description of the north and eastern parts of Europe and Asia…’, p283, London
„… Владимир испрати исто така учен Македонец, наречен Маркус [веројатно Марко н.з.] до Бугарите, кои беа Мухамедани, Сарацени, Тартари, и Бесермени, со Цел да ги претвори во Христијанска Религија, но само тројца или четворица од Принцовите дојдоа кај Владимир, и беа крстени. …“
1570_Abraham Ortelius – ‘Theatrvm orbis terrarvm’
На земјовидната карта од 1570 година, може да се види како Македонија се простира на две третини од источната страна на денешна копнена Грција. Албанија се простира на нешто потесната западна страна на денешна копнена Грција. Земјата Македонија е јасно разграничена како земјописен поим од земјите Србија и Бугарија. Додека Грција воопшто не е означена на картата. Ова е страница…
1934.05.27_Brooklin Daily Eagle, New York – Macedonian Ambitions Are Greatest Threat to Balkan Peace
„Македонија за Македонците“ е повик што одѕвонува низ Балканот долго пред турската власт врз југоисточна Европа да почне да ослабува. Но, како што Полумесечината се повлекуваше кон исток за време на Балканските војни и, освен Цариград, целосно премина во Мала Азија со крајот на Големата војна, и како што другите народи на Балканот станаа признати нации, Македонците не добија слобода….
1926.12.25_L’Humanité – Damé Grouef, Révolutionnaire macédonien
„… трите дела на Македонија поделена помеѓу Србија, Грција и Бугарија … … основачкиот херој на ВМРО: Даме Груев … … Тој беше дете на народот, но, како и многу други синови на Македонија … … Даме Груев го запознал Гоче Делчев, најзначајниот од македонските револуционери, чија десна рака тој секогаш ќе остане … … Гоче Делчев и Даме Груев…
1690.05.31_Австриски цар и унгарски крал Леополд I, Проглас до народите на Балканот
„… Ние, Леополд I, На сите народи, кои зависат од нашето наследно Унгарско кралство и на сите други што ќе го читаат ова или слушнат за него, особено на албанскиот народ (им ја искажуваме) нашата царска и кралевска милост и (им пожелуваме) секое добро. Нека ви биде познато дека Турската војна [се однесува на Австро-турската војна, н.б], на која неправедно…















