Category: _Избор
Избор на податоци кои најјасно ја потврдуваат македонската самобитност.
1903.02.15_The Pacific commercial advertiser – Bulgaria arrests the Macedonian plotters
„… БУГАРИЈА ГИ АПСИ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАГОВОРНИЦИ И Постави Кордон од Војници Покрај Границата на Земјата Која е во Бунт Против Турското Владеење. … Софија, Сеч. 14 – Старешините на Македонскиот револуционерен комитет во Бугарија беа уапсени. Владата постави воен кордон на Македонската граница за да ја прикаже спремноста на Бугарија да ги исполни меѓународните обврски. …“ Според поднасловот бугарската Влада…
1903.08.16_The New York Times – will aid Macedonians
За бугарскиот Премиер Рачо Петров уништувањето на македонските бунтовнички сили за време на Илинденското Востание би била ПРОМЕНА НА ПОДОБРО. Бугарскиот Премиер Петров на обвинувањата за бугарската вмешаност во Илинденското Востание возвраќа: „… Востанието, тој вели, било целосно национално Македонско движење организирано од Македонскиот Внатрешен Комитет …“. Потоа наведува дека не само што на бугарската граница не можат да ја…
1944.12.28_Генерал Терпешев, АСНОМ II, Скопје
„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да нѐ потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“ „…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам…
1922_Stephen Panaretoff – ‘Near Eastern Affairs and Conditions’
„… изворните Бугари никогаш не ставиле нога во Македонија …“ иако името Бугар станало истоветност со Славјанин, „… нивното кралство во очите на Македонците било Славјанско кралство, кралство во нивна сопственост. …“ „… 2. Кога во втората половина на десеттиот век, источниот дел од Бугарското Кралство паднало под византиско владеење, долга борба, во траење од четириесет години, била витко одржувана…
1900.09.22_The London Times, p05 – The Macedonian Revolutionary Committee
Подолга новинарска статија посветена на Македонскиот Револуционерен Комитет после аферата со убиството на романски должносник за што комитетот бил обвинуван. За да дојде до помирување со вознемирената романска страна бугарскиот принц Фердинанд и неговите министри смениле некој министер за стопанство. Во меѓувреме охрабрен од неказнивоста Македонскиот Комитет станал прав ментор на Владата и давал малку внимание на предупредувањата од Австро-Унгарија…
1912.10.30_The Washington Times – Asked to Take Crown
За време на Балканските војни, братот на данскиот крал, принцот Харолд бил прашан од дипломатските претставници на балканските држави – дали би ја прифатил круната за идното кралство на Македонија. Планот на балканските сојузници е разбран за Македонија да се направи како независна земја, откако ќе биде изборена од Турција, и потоа да влезе во федерација со Бугарија, Србија, Црна…
1903.08.31_The New York Times – Gen. Garibaldi’s Position
„… Ген. Ричиот Гарибалди кој се бореше на страната од Грција против Турција во 1807, беше разговаран во врска со гласината дека Грција ќе ја поддржи Турција против Македонците. Тој рече дека не му е чудно дека Грција и Турција ќе се обединат во потиснување на Македонското востание. ‘Јас самиот,’ тој продолжи ‘сум ја поттикнувал Грција да дојде до договор…
Владимир Бурич
Подготвувам да напишам книга за Македонија и македонизмот. Јас во руските библиотеки веќе набележав и систематизирав 400 библиографски единици за мојата книга… …Сред нив ги претпочитам изданијата од 18-ти и 19-ти век. Посебно ги ценам записките на руските научници кои за потребите на руските воени центри ги проучувале Средно-Азиските предели и историја. И притоа се допреле до градбите, животот и…
1978.08.25_The Greenville News – ’Hua praises Macedonian ‘traditions’‘, South Carolina, US
„Македонската нација има древна историја и славни револуционерни традиции“ Хуа Гуофенг – наследник на Мао Цетунг, водач на Кинеската Комунистичка Партија и Премиер на Народна Република Кина. Изнесеново досега беше познато само како гласина. Дека некогаш висок кинески политичар на средба со македонските политичари, им споменал за древното македонско потекло. Некој од македонските комунисти му возвратил дека – ние сме…
1930.07.27_The New York Times – A macedonian denial
„МАКЕДОНСКО НЕГИРАЊЕ … Централниот комитет на Македонската Политичка Организација од Соединетите Држави, преку нивниот Заменик Претседател, Л. Л. Киселинчев, излезе со изјава која се однесува на обидот за атентат врз Др. Константин Ангелеску, тековен романски Министер за Внатрешни, во златец 21, за тоа дека Георг Беза, кој требало да биде атентатор е непознат за Македонското движење; дека Македонското движење ‘или…
1920.02.10_The Guradian – The Thracian question, p5
Ова е уште еден доказ дека современите бугарски народносни обележја во најголема мера се преземени од македонската култура и јазик. Од таму може да се разбере, необичноста на нивната психолошка опседнатост за бугаризација на Македонците. Во прегледот на книгата „Тракиското прашање“ во низа од наброени тези се заклучува дека нема поврзаност помеѓу средновековното бугарско кралство со современата бугарска држава. Во…
1905.02.22_Grey River Argus – Torrid-Australia
Дописникот на весникот во разговор со претставник на друг весник, ја изнесува замислата голема маса од Македонци (споменува 100 000 семејства) да бидат преселени во северните области од Јужна Австралија. Како најпогодни за колонизација на таа област. Така Македонците угнетувани од Турците во таа област би можеле да стекнат пристоен живот. Дописникот изнесува голем број на пофалби за Македонците како народ:…
1903.05.27_Evening Post, p5, vLXV, issue124, New Zealand
„… Делчев создателот на Македонската револуционерна организација, беше убиен во престрелка кај Баница. Се смета дека неговата смрт најверојатно ќе го укочи револуционерното движење. Минатата година настанаа поделби во Македонскиот Комитет. Членовите на стариот комитет под г-дин Сарафов беа обвинети дека работат повеќе за бугарското проширување отколку за независноста на Македонија. Нов комитет беше основан кој искрено промовира македонската независност…
1903.04.04_The Advertiser, Adelaide
„… Ласкави зборови беа упатени до Албанците. Тие беа “бедем” на Исламот против Европа и против бунтовните Македонци, и други такви нешта. И бидејќи поделбата на царството беше спротивно на законот на Исламот, Султанот, како Калиф (врховен исламски поглавар н.з.), како командант на Верните, не можеше да додели ништо налик автономија на било која од своите покраини. Македонската автономија би…
1920_Василије Марковић – ‘Православно монаштво и манастири у средњевековној Србији’, стр9, Сремски Карловци
„Самоилово македонско царство“, со седиште во Преспа, а нејзиниот владетел, Цар Самоил, се нарекувал наследник на Александар Македонски. „… Самуил сам себе се нарекувал „наследник на Александар Велики и Пир … Но спрема други показатели, Самоиловото владеење, коешто претставува вистинско херојско доба на Македонија, не било неповолно за развивање на монаштвото. Сѐ до денес, зачувани се остатоците на една силна…















