Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1909.02.26_St. Anne Record, v19, no41, Granite City, Illinois
Триесетмина повредени во тепачка меѓу Македонци и Бугари, за тоа кој е позначајна личност, Борис Сарафов или Абрахам Линколн. Ова е еден од посмешните историски податоци, но кој многу добро кажува за меѓусебното разликување и различните национални чувства меѓу Македонците и Бугарите. Во гратчето Гранит Сити во Илиноис, каде што имало заедница од доселеници, во една фабрика избувналa тепачка меѓу…
1834_Henri Duval – ’Tableau l’historie de l’Empire des Califes et de l’Empire de Turquie.‘, Paris (L. Houbloup)
Македонија земја одвоена од соседните земји Албанија, Србија, Бугарија, Румелија и Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1903.08.27_The New York Times – Turkey enrolls more troops
Поради геостратешката важност на Македонија за опстанокот на целото Османлиско Царство, Македонија е воено најстрого држена територија. На крајот, кога Турците ќе ја изгубат Македонија, ќе ја изгубат и Империјата. На Балканот најпрво се ослободуваат народите по рабовите на Царството, а потоа оние кон внатрешноста. Затоа што без можноста за логистичка поддршка, која ја дава постоењето на блиска граница со…
1828_Aaron Jr. Arrowsmith – ’Northern Turkey in Europe, with part of Hungary and Dalmatia‘, London
Македонија во времето на создавање на картата на север ги вклучува Качаник, Скопје, Куманово, на исток – Ќустендил, Дупница, Неврокоп (денес Гоце Делчев), Драма. На запад до Ресен, на југ до Платамона. Извор: Збирка David Rumsey
1828_ Aaron Jr. Arrowsmith – ’Illyricum, Dacia, Moesia, Macedonia et Thracia‘, London
Границите на Македонија во древноста на запад завршуваат до Јадранско Море. На север зафаќаат и дел од денешен Космет. Извор: Збирка David Rumsey
1934.06.26_ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΗΣ (грчки комунистички весник), p1
„… Секој ден влечкаат сиромашни Македонци, земјоделци во затворите поради долгови од 60 до 100 драхми. (…) Сите овие сиромашни МАКЕДОНЦИ не знаат грчки, си го зборуваат МАКЕДОНСКИОТ јазик. Од многу тепање биле принудени да речат дека низ нивните села поминувале комитаџии. …“ Посочил: Кукузел
1906_H.N. Brailsford – ’Macedonia – Its Races and Their Future‘, p96
„… Под третиот цар, Самоил, источните покраини беа изгубени, но Империјата остана цврсто сместена на запад, со главен град Охрид, каде ја задржа својата независност до 1018 година. Така, определено беше македонска држава, а Охрид се здоби со традиција на македонските словени сентиментален престиж што тој сè уште го задржува. …“ Посочил: Кукузел
2004.04.29_Roger D. Woodard – ’The Cambridge Encyclopedia of the World’s Ancient Languages‘, p13
„… Прецизната смисла од ‘зборување македонски’ во овие и други пасоси може да бидат и биле расправани (предмет на расправа н.з.); сепак кога овие посоки на македонскиот говор се сметани во нивниот контекст, не е тешко за некој да заклучи дека она кое се изјавува е употреба на различен, негрчки (‘варварски’) македонски јазик. …“ Посочил: Кукузел
1928_Jouguet Perre – ’l’impérialisme macédonien et l’hellénisation de l’orient‘, p68, p394, London
„… Сега непријателите на Македонија ги претставуваат Македонците како варвари … Сигурно не за Грција се борел кралот Филип Македонски …“ Посочил: Кукузел
1942.10 « 1975_Marshall Lee Miller – ’Bulgaria during the Second World War‘, p123, (Stanford University Press)
„… Германски разузнавачки извештај од 1942 запазил: ‘Македонците, кои во текот на југословенското владеење со воодушевување гледаа на сѐ што е бугарско, сега се извонредно разочарани откако се запознаа со целосно поткуплива како и неспособна бугарска управа’ …“ Посочил: Кукузел Извор: sagepub.com
1903.03.23_Političen list – Slovenec, Ljubljana, s4, br66
„… ‘Албум за Македонија и животот во неа’ на 1.500 страници имаат намера да издадат руските писатели. Ќе учествуваат и Лав Толстој и Максим Горки. Се смета дека со тоа македонските маченици ќе добијат 20.000 рубли. Исто така во полза на Македонците јавни предавања ќе се одржуваат низ цела Русија“ …“ Посочиле: Mакедонија бескрајна приказна
1903.09.13_The New York Times – The Macedonian massacres
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИ КОЛЕЖИ Од писмата до уредникот на Њу Јорк Тајмс Во писмото се повикува на совесност во однос на злосторствата кои се случувале во Македонија после Илинденското Востание. Така пишува „секој чесен Американец мора да е стаписан од сториите од неискажлив ужас кои дневно ни пристигнуваат од Македонија и исто така вџашен од недејственото стоење…
1903.09.16_The New York Times – The Macedonian massacres
Краток опис на содржината: МАКЕДОНСКИТЕ КОЛЕЖИ. Писмо испратено до уредникот на Њу Јорк Тајмс. Творецот на писмото прави споредба со злосторствата извршени од царска Русија во Кишињев на кои дипломатски се реагирало и ги споредува со злосторствата на ‘крволочните, брутални, немилосрдни’ Турци во Македонија. Мизериите на илјадниците христијани кои се секојдневно касапени. Се прашува – какви се тоа сцени…
1903.09.18_The New York Times – Austria and Russia may occupy Macedonia
Доказната вредност е што се зборува за заштита на Македонија од турските насилства разгледувајќи ја како одделна единица при тоа воопшто не споменувајќи ги хегемонистичките желби за завладување од страна на соседите. Краток опис на содржината: МОЖНО ОКУПИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Австрија и Русија предлагаат нов план за завршување на Балканската криза – другите големи сили најверојатно ќе се согласат. Во…
1903.09.20_The New York Times – England and Macedonia
Доказната вредност на оваа новинарска вест е во тоа што се зборува за независност на Македонија како најправилно решение и при тоа воопшто не се споменува припојување кон некоја соседна држава. Краток опис на содржината: Од писмата испратени до уредникот. АНГЛИЈА И МАКЕДОНИЈА До уредникот на Њу Јорк Тајмс Уредникот изјавува дека со внимание го прочитал писмото од W.H.W поврзано…