Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1902.10.19_Гоце Делчев до Кољо, писмо
Не е својствено за еден “Бугарин” да разликува македонски од бугарски патриоти. „… Тука е печатницата на весниците, но ти служат само да се загадуваат чувствата на бугарските и македонските патриоти …“
1924_Ernest Granger – ‘Nouvelle Géographie Universelle’
Францускиот земјописец Ернест Грангер во 1924 година запишал: „… Славјаните во Прилеп, Битола, Струмица, долен Вардар, на прашањето: дали си Србин? Дали си Бугарин? Дали си Грк? Или Албанец? Тие одговарале: Јас сум Македонец. …“ ”The Slavs of Prilep, Bitolja, Strumica, Lower-Vardar have not had to this date the consciousness of belonging to a clearly defined nation. To the question:…
1894_Петар Драганов – ‘Македонско Славјански Зборник’, С. Петербург
Посочил: Poljakot od Makedonija
1919.09.14_Костурско благотворително братство во Софија – Резолуција
Костурските иселеници како дел од македонското иселеништво во Бугарија, организирани во Костурско Благотворително Братство на општо Собрание донесуваат Резолуција со која меѓу другото бараат од разните македонски организации да се прифати автономната формула зад која стои целото македонско иселеништво – Автономна Македонија во нејзините земјописни и стопански граници и Македонија на Македонците! Посочил: Poljakot od Makedonija
1901 « 1909_П. А. Ритих – ’Низ Балканот, Дел II Низ Македонија‘, С. Петербург
„… Како глава на манастирот многу долго бил отец Језекиил, местен домородец, човек со висок степен на чест и побожност, кој стоел настрана од агитациите, како српски така и бугарски. Тој се сметал себе си за чистокрвен Македонец и не се признавал ни за Бугарин ни за Србин. Целото негово семејство било полно со такви исто како и тој, селани…
1895.06.28_весник ‘Револуција’ – ‘Програма на македонските социјалисти’
„…Во својата систематски определена борба ние ќе ја пропагагираме и идејата за создавање на една независна македонска република. Нека знаат сите чорбаџии и лапачи дека Македонија по самата своја природа е и треба да биде центар на демократија. Долу турската тиранија! Да живее републиканска Македонија! …“ Весник Револуција Посочил: Пољакот од Македонија
1100+_Anonimous – ‘Gesta Hungarorum’, Hungary
Делата на Унгарците Унгарски летопис во кој се спомнуваат Македонците. Запис за раната унгарска историја напишана од непознат автор. На македонски: „… Неколку дена Совард и Кадоча, заедно со целата своја војска држејќи го знамето високо ги преминаа водите на Дунав, го зазедоа замокот Баранц, а потоа маршираа кон замокот Сежередиц. Кога народите на Бугарите и Македонците го слушнаа тоа,…
1902_Никола Карев до Гоце Делчев, писмо
„… Драги Г(оце) Моите извештаи стануваат се’ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува. Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот. Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба…
1703.12.19_Michael Conradvs Lvdwig – ’Alcorani prima inter Europas‘
Споменат е македонскиот јазик како посебен јазик. Сличен на далматинскиот, различен од грчкиот. Посочил: Пољакот од Македонија
2021.07.05_Георги Сотиров Дукимов, Гоце Делчев – Пиринско
„… Целиот сознателен живот тој го посвети на идејата за ОБЕДИНЕТА и НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА. Неговото дело ќе биде пример за поддржување на повисок облик на патриотизам и родољубие. Вечна му памет. …“ Од пријателите – соидејници. Посочил: Донка Повеќе
Ристо Димитров – Џигаре (1882-1982)
Носител на Илинденска споменица 1903 година. Како комита се борел во четата на Аргир Манасиев и бил соборец на Илија Боцев. Во 1903 година преминал во четата на Апостол Петков (“Ениџевардарско сонце“). Починал во Кавадарци на стогодишна возраст. Посочил: Пољакот од Македонија
1896 – 1900_Македонски Таен Револуционерен Комитет (печат, Устав)
Македонски Таен Револуционерен Комитет – МТРК, подоцна Комитет на Македонските Револуционери – Терористи. Била анархистичка револуционерна организација основана во Женева со цел за ослободување на Македонија.
1902.11.12 « 1983_Стеван Јакимов Дедов, Дијамандија Мишајков – ’Меморандум‘
Дијамандија Мишајков и Стеван Јакимов Дедов, потписник на Меморандум кој претставува разработена македонска национална ослободителна програма. Посочил: Poljakot od Makedonija
1954.06.30_Дино Т. Ќосев – ’Историја на македонското национално револуцинерно движење‘, Софија
„… Гоце за набрзо да стане водач на македонската селска револуција какво што во суштина било македонското револуционерно движење. … Гоце Делчев како македонски револуционер и водач на македонската буржоаско-демократска, селска револуција. … Гоце Делчев сознавал, дека, ‘турскиот владеачки систем’ може да биде ликвидиран и слободна и независна Македонија може да биде извојувана само низ разрушување на тој систем… ……
1891_Бугарско Книжевно Дружество, В. Д. Стојанов – ’Периодично списание‘, Средец
„… во мирно време тој корпус составен од Срби, Македонци и Бугари … Додека пак за зборот Македонија и другите произведени зборови од него, да се забележи дека тој збор е туѓ и сега влегува во употреба меѓу населението и соодветно нагласокот, како на него така и на производените зборови од него се сообразува со општото правило. Заради тоа, не…