Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
-0150~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum secundum Ptolomaeum Alexandrinum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Според картата за време на Птоломеj, Македонија е јасно одвоена од Ахаја. Извор: Збирка David Rumsey
-0200 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum secundum Eratosthenem’, Berlin (Dietrich Reimer)
Според картата за време на Ератостен Македонија е јасно одвоена од Хелас. Извор: Збирка David Rumsey
1850-1900 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Graecia’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта за Грција при крајот на Турското Царство (времето на создавање на картата). Очигледно е дека творецот на картата со исклучок на Халкидик, Македонија не ја сметал како дел од Грција, така што ја оставил надвор од земјописната карта. Извор: Збирка David Rumsey
1903_Heinrich Kiepert – ‘Graecia cum insulis et oris maris Aegaei’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта од 19 век која го прикажува просторот каде живееле Грци. Според картата Грците (црвена боја), ги има на македонскиот брег. Посебно на полуостровот Халкидик. Но не и во внатрешноста на Македонија, која јасно е одвоена како посебна област. Извор: Збирка David Rumsey
-0400~ – -0323~ « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Imperia Persarum et Macedonum’, Berlin (Dietrich Reimer)
Во карта за древните Персиско и Македонско Царство, Македонија е прикажана надвор од Хеленскиот простор. Извор: Збирка David Rumsey
-0300 – 0000 « 1903_Heinrich Kiepert – ‘Orbis terrarum altero p. Chr. saeculo antiquis notus’, Berlin (Dietrich Reimer)
Карта на Heinrich Kiepert за расната распространетост во древноста. На картата областа Македонија е одвоена од областа Грција (Ахаја). Извор: Збирка David Rumsey
1877_Heinrich Kiepert – ‘Türkischen Reiches’
Карта за Турското Царство која Македонија ја става под Rumili одвоено од Бугарија, Србија, Грција… Тогашната Грција е претставена како Rumelia. Rumili и Rumelia и двата израза произлегуваат од таму што Турците, Ромејското Царство (денес познато како Византија) го нарекувале Румелија. Така што овие делови се делови на некогашна Румелија (Византија). Извор: Збирка David Rumsey
2017_Eupedia – ‘Southeast Europe regional DNA’
Eupedia меѓу другото со проект за генетски истражувања претпоставува дека целиот простор на Република Македонија има еден ист превладувачки генетски состав, заземајќи и делови од јужен Космет. Во Грција, македонскиот дел има издвоен генетски состав. Извор: eupedia.com
-0148_The ethnological map of Macedonia
„… После смртта на Александар, источната граница на македонската држава се повлекла до Нестос. На север, сепак, кралството досегало до Скопје, после што била територијата на Дарданците … Од поданиците на Филип не повеќе од 250 000 биле од грчки или македонски соj. Останатите биле, Тракијци, Пеонци, Илири и Боти … Вилијам Смитов Речник на грчкиот и римскиот земјопис: Македонија…
1877_Heinrich Kiepert – ‘Greece with the Islands and Shores of the Aegean Sea. Troy’, Berlin (Dietrich Reimer)
Жолтите рабови се деловите каде што живееле Грци. Според картата Грците ги има на македонскиот брег, но не и во внатрешноста на Македонија. Извор: Збирка David Rumsey
0000 « 1888_American Bible Society – Missionary Journeys and last voyage of apostle Paul
Земјописна карта на Американско Библиско Друштво – Македонија на север, ја вклучува и Тесалија, Грција сосема на југ!
2015+_Eupedia – ‘DNA map by y-dna’
Извор: eupedia.com