Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1815_Wilkinson – ‘Ancient Greece Turkey Antique Map’
За разлика од поимот Европа кој ги покрива Македонија, Грција и целиот балкански дел од Европа, поимот Грција го покрива само просторот јужно од Македонија. Посочил: FilipiA
1643_Blaeu – ‘Balkans Romania Antique Map’
На прилично старава земјописна карта дадени се Влашка, Србија, Бугарија и Романија. Странично покажани се и другите гранични земји. Македонија не припаѓа ниту на Србија, ниту на Бугарија. А над просторот од Македонија, не стои Грција или Елада, туку само Македонија. Посочил: FilipiA
1938_Bulletin de la Société de Linguistique de Paris – ‘Le Probleme du Slave Macèdonien’, 115-117, Paris
Француски академици пишуваат за македонски книжевен јазик. „… Поимот од ‘македонски словенски’ е збунувачки само за оние што сакаат тоа да биде. Македонскиот словенски е во таква мерка реалност што во XIX век ПОСТОЕЛ Македонски литературен јазик, јазик на доста ограничена научна литература, но на обемна народна литература; и овде не се работи за документи со фолклор, како што може…
1903.07.02_Slovenski Narod – O Macedoniji, Ljubljana
Македонците не се бореле за приклучување кон некоја држава. Во таков случај би останале под турска власт само ако биде правична и ако ѝ се признае автономија на Македонија. „… Ниту пак бугарската јавност е загреана за македонската кауза откако Македонците изјавија дека НЕ СЕ СТРЕМАТ ДА СЕ ПРИЛУЧАТ КОН ДРУГА ЗЕМЈА, но сакаат да останат под турската врховна влада,…
1939.10_Richmond Lattimore – ‘Classical Philology V34, No4’
Уште една посока за поврзаноста на Хеленизмот со африкански извори. Во случајов за влијанието и потеклото на хеленскиот пантеон од египетската религија.
1985.02.20_Australian Security Intelligence Organization – Macedonian community
Документот на австралиското разузнавање зборува за писмо испратено од организацијата „Македонија само на Македонците“ кое стигнало до грчкиот конзулат во Австралија со претпоставка и до други претставништва со закани кон сите кои вршат насилство врз македонскиот народ.
1699.02_Several authors ‘The history of the works of the learned’, London
Саксонците и Фризијците биле две сојузнички племиња, населени во северна Европа: Саксонија, Фризија и Велика Британија, се смета дека биле старогермански племиња. Но според авторите на оваа книга, пред да се населат меѓу другите германски народи во Европа, тие порано се нарекувале себе си Македонци. Писателот тврди дека тие дошле од Индија во Европа како остатоци од македонската војска на…
1925.12.12_The New York Times
Судирот меѓу македонските фракции пред сѐ како последица на бугарските подметнувања се одвивал во Македонија, во Бугарија, посебно во Софија, но и низ европските метрополи.
1995_Грчки платеници во Сребреница
Новинарски навод дека грчки воени платеници зеле учество во етничкото чистење во Сребреница.
2003_Ian Worthington – ‘Alexander the Great’
„… Грците јужно од планината Олимп не сметале дека Македонците се Грци …“
1931_W.H.D. Rouse – ‘Stories of the old Greeks’, London
„… Македонците биле полу-варварско племе, кое не било сметано како дел од Грчката раса; но тие биле посупериорни спрема дивјаците кои живееле на нивните граници …“
1998.10.22_S.B Pomeroy, S.M. Burstein, W. Donlan, J.T. Roberts, D. Tandy, G. Tsouvala – ‘Ancient Greece A Political, Social, and Cultural History’
„… Дали Македонците биле Грци?… Од таму, иако изворите се јасни дека Грците не можеле да го разберат говорниот “Македонски”, нема текстови напишани на Македонски кои опстанале. Јазичарите (лингвистите) не можат да одредат ниту дали Македонскиот бил архаично наречје на Грчкиот или било кој друг јазик. Како и да е, еден факт е неоспорен: во древноста ниту Македонците ниту Грците…
1835_J. D. Gurtler – ‘Vorlesungen uber die Alterthumswissenschaft’, Leipzig
„… Македонците не треба да се сметаат за Елини; за древните Елини тие биле варвари; т.е. ‘Македо’ (Macedo) претставувало дури и навреда за нив. Македонците се разликувале од Елините во обичаите и долго време биле далеку под нивото на културниот развој на Елините. Македонците беа и по јазикот различни од Елините, т.е. македонскиот јазик не бил елинско наречје и не…
1908.01.01_Charles Morris – ‘Historical Tales’, Philadelphia & London
„… Македонија лежи северно од Грција. Нејзиниот народ не биле Грци, ниту слични на Грците во нивните обичаи. … Тесалија е најсеверната држава од Грција …“
1541_Walter Chatillon – ‘Alexandreis sive Gesta Alexandri Magni’
Лавот како сврзно симбол обележје на македонскот народ низ вековите од древноста до денес. Во книгата „Alexandreis sive Gesta Alexandri Magni“, претставен е Александар Велики со лав ставен на штит и знаме. Книгата е напишана според преписите на Волтер Шатилонски (Walter of Châtillon) во 1541 година. Посочил: Види Види