Оддел: А12 Светска книжевност
Докази за македонската самобитност од светската книжевност.
1920_W.J.Ferrar – ’The proof of the gospel being the demonstratio of evangelica of Eusebius of Caesarea‘, New York
Македонците како посебен народ на преминот од стара во нова ера. „… Од тој миг еврејскиот народ стана подреден на Римјаните, Сиријците исто така, Кападокијците и Македонците, Битинијците и Грците и со еден збор сите други нации кои биле под римско владеење. …“ Посочил: MMAMAKEDONIA
1313—1330 « 1865_Georgii Pachymerae – ’Ephraemi Chronographi Caesares‘, t1
Ромејскиот историчар Ѓорѓи Пахимера ги спомнува Македонците и нивниот главен – „прв град“, Солун. Повеќе летописци од средниот век говорат за Солун како „главен град“ на Македонците. Посочил: Види Види Извор: archive.org
1646_Alessio Pulci Aquilano – ‘La penna fedele nelli presenti rumori del turco’, Roma
Македонците спомнати меѓу европските христијански народи – Бугари, Власи, Грци, Полјаци, Унгарци. Посочил: Macedonia : a True Endless Story …
0600+_Московската Народна Библиотека – Јеремија Русо, Летопис
“… Ние, Русите и Московитите, сме потомци на древните антички Македонци. Ние, денес, го зборуваме јазикот на кој зборуваат античките Македонци на Македонскиот полуостров, кои освен со други земји, 307 години владееле и со Египет …” Летопис од VII век чиј автор е Јеремија Русо Посочил: Портал Поглед Извор: д-р Петар Поповски
1921.02_The Archaeological Institute of America – ‘Art and Archaeology’
„… Старо Црковниот Славјански, литургиски јазик на Источната Православна Црква е заснован на Солунското наречје на Старо Македонскиот, еден од Јужните Славјански јазици. Современите Јужни Славјански јазици се Македонски и блискиот Бугарски, Српско-Хрватски и Словенечки. …“ „… Христијанизацијата на Чешкиот Војвода Бировој во 874, од страна на Македонските апостоли, Кирил и Методиј, кое наскоро беше проследено со Христијанизација…
1767_Mathiam Antonium Relkovich – ‘Nova Slavonska i Nimacska Grammatika’
Славјанскиот јазик како мајка на многу други јазици: Московски, Полски, Пемски (?), Хрватски, Далматински, Славонски, Српски, МАКЕДОНСКИ, Албански, Босански… За разлика од северните славјански говори кои примиле германски зборови Албанците, МАКЕДОНЦИТЕ, Србите и Бошњаците попримиле многу турски зборови кои се измешале со славјанскиот говор. Хрватскиот просветителски писател, Матија Релковиќ, го наведува македонскиот јазик како еден од ограноците на словенскиот јазик…
1925 « 2002.12.04_Richard von Clogg – ‘Minorities in Greece’
„… Истата година (1925), Салванос, Шеф на Штабот од Десеттата Армиска Дивизија од Западна Македонија, напишал студија за „народносниот состав“ на Леринската област и можностата за сместување на избеглици таму. Во неа, тој познал дека само малцинство од обласното население има чисто грчка свест која е зајакната низ грчката пропаганда во текот на Македонската Битка. Салванос забележал дека Славјаноговорното население…
1900_Victor Bérard – ‘La Macèdoine’, p253
„… Турците, Грците и Бугарите, муслиманите, православните и расколниците (егзархистите, б.п.) би изгубиле премногу со будењето на македонското чувство! …” Посочил: Баба Лаже Трап не Лаже
1911_Victor Bérard – ‘La Turquie et l’hellénisme contemporain’, pVIII
„… Порано Македонија беше растргнувана помеѓу четири или пет странски пропаганди: српска, бугарска, влашка, грчка… Сите со двоен карактер – националистички и религиозен, барајќи припојување кон Грција, Бугарија или Србија, а потпирајќи се на српската, грчката или бугарската црква. Овие црковни национализми ѝ го отстапија местото на една федералистичка и револуционерна организација којашто би сакала да се потпре единствено на…
1578_D. Philippo Lonicero – ‘Chronicorum Turcicorum’
Македонските војски наведени одвоено од бугарските и српските. Посочил: FidelKastro
1605_Giacomo Luccari (Jakov Lukarević) – ‘Copioso Ristretto Degli Annali Di Ravsa. Libri Qvattro’, Venetia (Antonio Leonardi)
Почеток на 17 век, Македонците наброени одделно како народ напоредно со другите народи: Бугари, Грци, Унгарци, Турци, Македонци, Тартари, …
0253 — 0270_Евсевиј – Опасадата на Солун од Готите
Евсевиј во своето дело опишува подвиг на дете, Македонец, како со стрела убива двајца напаѓачи кои го опсадуваат градот. Солун бил двапати под опсада од Готите. Првиот пат во 253 и вториот пат помеѓу 268 – 270. Записот е земен од бугарски превод на Ромејски летопис. Посочил: Полјакот од Македонија
1806_Domenico Alberto Azuni, William Johnson – ’The Maritime Law of Europe‘, New York
Древните Македонци наведени како самостоен народ. „… Без поддршка на историјата, човековиот род ќе ги заборавел имињата на Асирците, Египќаните, МАКЕДОНЦИТЕ, Грците, Картагинците, Римјаните, и многу други силни држави, кои некогаш биле светски играчи, сега потонати, расчленети, претворени во шуми, или сведени на голи пустини. …“ Посочила: DragonGirl
1772_’Principi di Storia civile della Repubblica di Venezia‘, vIII, Venezia
Уште една книга која дава до знаење за разните промени на значењата на зборовите кои денес претставуваат национална определба: Грк Бугар, Србин… Така, во оваа книга православните Срби во Далмација, Херцег Нови и Котор се наречени Graeci Serviani. Според игра на значење на поимите за западната изразност (терминологија) сите православни се ставени како подграфа на Грци. Затоа и не чуди…
1678_Salih Gelil – ’Anales de Egipto‘, Madrid
За „македонскиот јазик“. Посочил: Кукузел Извор: Google Books