Оддел: А26 НОБ и НОФ
Податоци за македонските состојби и македонската национална борба за време на Втора Светска војна.
1944_British Military Mission, Bresonese – MacDonald
„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека…
1944.12.28_Генерал Терпешев, АСНОМ II, Скопје
„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да нѐ потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“ „…Ете, во таја борба ние, Бугарите, ама веќе отечественофронтовски Бугари, не старите, сакавме да влеземе. Старите неотечественофронтофски Бугари кои беја три години джандари на Хитлера на Балканот ни нанесоа срам…
Вера Циривири – Трена
Вера Циривири – Трена за да не падне жива во рацете на ГНАСНИОТ БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР, сама си го одзела животот во Штип на 15 златец 1944 година. Нејзиното мртво тело било сквернавено од оние чии потомци денес продолжуваат со напади кон македонскиот народ. „ … На 5 декември нејзиното тело беше откопано. При откопувањето присуствуваше многу народ, претставители на…
1943.03-1944.11_Билтен на штабот на Втората Македонска Ударна Бригада – ‘Борбите во Македонија’ (pdf)
БИЛТЕН ШТАБА ДРУГЕ МАКЕДОНСКЕ УДАРНЕ БРИГАДЕ ОД 2 АВГУСТА 1944 ГОД. О БОРБАМА ОД 7 ЈУНА ДО 29 ЈУЈ1А 1944 ГОД. ПРОТИВ БУГАРСКИХ ОКУПАТОРСКИХ СНАГА 1 СМРТ ФАШИЗМУ — СЛОБОДА НАРОДУ! Б И Л Т Е Н војних операција II македонске народноослободилачке ударне бригаде 2 у месецима јуни и јули 1944 г. Јединице II македонске народноослободилачке ударне бри- гаде у…
Борка Талески (19.07.1921-02.03.1942)
Борка Талески бил познат под партизанските имиња Црниот и Модерното е роден на 19 златец 1921 година, а загинал на 2 цутар 1942 на Плетвар во Прилепско. Тој е еден од организаторите на востанието против фашистичкиот окупатор што било дигнато на 11.10.1941 година во Прилеп. Борка е син на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил фурнаџија. Неговото семејство…
1949.03.01_Northern Advocate, p5, New Zealand
„… Македонците да постават држава АТИНА. ср. (13 часот) – Командантот на герилските сили во Јужна Грција (Константино Каргиоргија) објави дека Славјано говорните Македонци од Бугарија и Југославија наскоро ќе се приклучат на „слободната грчка“ герилска Влада. Говорејќи за слободното грчко радио, Каргиоргија рече дека оваа одлука е донесена на конференција во грчките планини на Македонскиот Ослободителен Фронт. Целта е…
Никола Парапунов (1909.07.01-1943)
Никола Парапунов – Владо е македонски револуционер, истакнат организатор и раководител на партизанското антифашистичко движење во Пиринскиот дел на Македонија, кој од бугарските власти во 1933 година бил осуден на 15 години затвор. Тој и во затворот раководел кружоци и предавања за националното прашање, посебно за македонското. Бил командир на Разлошката чета и командир на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона….
Васко Карангелевски (1921.07.07-1977.02.03)
Потекнува од печалбарско сиромашно семејство, а во НОБ е учесник од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Карангелевски станал скоевец во 1941 година, а од 1943 година и член на КПМ. Во текот на НОБ со одредот дејствувале на потегот по планините Пелистер, Баба и Вич. На почетокот бил командир на чета, потоа командант на баталјон, заменик- командант…
1945.07.02_’Борба’ – Злочини грчких реакционара над македонским становништвом у Јегејској Македонији, бр159, Београд
„… ЗЛОЧИНИ ГРЧКИХ РЕАКЦИОНАРА НАД МАКЕДОНСКИМ СТАНОВНИШТВОМ У ЈЕГЕЈСКОЈ МАКЕДОНИЈИ Скопље, 1 јула Дописник Танјуга јавља да преко 11000 (бројката не е јасно читлива н.з.) наоружаних фашиста учествује заједно са националном градом у нападима на македонска села. Војници и наоружане банде реакције упали су у села Кономлади и Поздизишта, ухапсили већи број људи и однели им из кућа све што…
1941—1950_Досие Скопје
Десет видео продолженија со документарани лични сведоштва за македонската борба за национална слобода и независност.
1949.02.05_Билтен – Орган на НОФ на Македонците во егејска Македонија
Говор на Захаријадис на II Пленум на Главниот одбор на НОФ: „… Конгресот треба да се изјасни по националното прашање на македонскиот народ, кој со своето учество во денешната борба врви кон создавање на независна македонска држава во рамките на балканска федерација. …” Објавено во “Билтен” – орган на НОФ на Македонците во егејска Македонија, од 5 сечко 1949…
1949.02.02-03_Главен одбор на НОФ за егејска Македонија, Резолуција II Пленум
„… Оваа ситуација наметнува тешки и важни задачи пред НОФ и пред целиот македонски народ. НОФ треба уште повеќе да го мобилизира македонскиот народ и да биде вистински негов водач. Ефикасно да помогне 1949 година да биде година на победата и мирот што претставува вековен копнеж на грчкиот и македонскиот народ. Затоа едногласно решава: 3. Решава да се свика II-от…
1944.10.01_ЦК КПМ до ЦК БРП (К), писмо
На состанокот другарите Темпо и Лазо се спогодиле со Вас во следните точки: 1. Македонскиот народ во бугарскиот дел на Македонија има право на самоопределување до отцепување и доброволно обединување со други народи. 2. Врз основа на тоа основно демократско право, македонскиот народ има право, по своја волја, да формира свои национални единици кои што, засега ќе се наоѓаат во…
1944.10.01_Весник ‘Победа’ – уводна статија
“… Скокна природното и реалното право на нашиот народ да си направи војска, рожба и крма на славјаномакедонскиот народ, плешка од снагата му… Така ќе го дадеме печатот на нашата нација, на нашиот нард што шестстотини години се наоѓа поробен. Само со таква борба ќе се развијат нашата одделна карактеристика, нашите стремежи, можности и историја, нашите надежи и желби како…
1944 « 1986.06.13_The Bangor Daily News, Maine, US
„… Фатен документ покажува дека во 1944, Валдхајм пријавил точна местоположба на партизани на подрачјето близу Македонските градови Штип и Кочани. Во тек на 48 часа, цивилното население во тоа подрачје било масакрирано. Сто и четиринаесет мажи, жени и деца биле убиени. Валдхајм не може да се правда поради незнаење, затоа што неколку месеци порано, самиот тој ја запишал Хитлеровата…