1903.02.24_The San Francisco Call

1903.02.24_The San Francisco Call

„… Македонците и Бугарите се покажуваат решени да стават крај на тајната дипломатија и да иссилат отворено признавање на нивните барања.

Тој (Султанот н.з.) ги збриша Грците многу лесно и верува дека може да ги збрише Бугарите и Македонците со подеднаква леснотија …“

И по кој знае кој пат наведени Бугари, Грци како народи и одвоени од нив Македонците како посебен народ. Наведените Македонци не може да се бугарски или грчки Македонци, а овде да се ставени како израз на областна (регионална, географска) припадност – како што оправдувачки толкуваат македонските негатори. Бидејќи никој во иста реченица, не вели дека нешто направиле – Тиквешани, Мариовци, Пелагонци – и заедно со нив Македонци.
Или сите наведени во статијата (Бугари, Грци и Македонци) се земјописен (географски) израз; или сите се народносни изрази. А ако денес Грците и Бугарите се посебни народи, значи и таму се наведени како народи, тогаш и Македонците споменати во новинарската вест, се исто така наведени како народ.
Вакви ситуации каде Македонците се споменувани во иста реченица со денешни народи, во документите има многу. И тоа низ сите времиња, во древноста, ран, среден и доцен среден век, 19 век, почеток на 20 век (како оваа вест од пред Илинденското Востание) и потоа меѓу двете светски војни. Негаторите толкуваат дека споменувањата на Македонците се од земјописен (географски), а не со народносен карактер. Покрај тоа што тоа логички е неодржливо, исто така е неодржливо поради бројноста на таквите податоци. Зошто тоа не е случај со други навистина земјописни поими на припадност како – Тесалијци, Епирци, Спартанци, Добруџанци, Шумадијци, Шопи. Зошто нив ги нема како Македонците, во таа бројност да се споменуваат низ историските податоци, во иста осмисленост (контекст) со Грци, Бугари, Срби и други народи!?

 

Посочила: DragonGirl