„… Ласкави зборови беа упатени до Албанците. Тие беа “бедем” на Исламот против Европа и против бунтовните Македонци, и други такви нешта. И бидејќи поделбата на царството беше спротивно на законот на Исламот, Султанот, како Калиф (врховен исламски поглавар н.з.), како командант на Верните, не можеше да додели ништо налик автономија на било која од своите покраини. Македонската автономија би го одвоила Султанот од неговите негувани Албанци, кои, затоа, мораа да му помогнат за да се бори против тоа. Има 80,000 Албански мухамеданци спремни за битка за нивниот господар, а таква битка засигурно би била пропратена со општ колеж на христијаните. “Дејли Њус” (дневен весник н.з.) сепак, со јазик на најдлабока свеченост, ја предупрети Портата, од неизбежноста од македонското ослободување, и во сигурноста од руско вмешување пред да измине долго време. Ќе биде на нејзина штета ако Портата одбие автономија за Македонија – стварна автономија, каква што уживаат Либан и Кипар. …“
Посочил: Al Ex 1488
Извор: TROVE