The Maitland Weekly Mercury веста ја пренесуваат од London Daily Chronicle. Пишува за огромните злосторства вршени прво од грчките, а потоа и од српските банди врз македонското население. Сето пресметено и намерно овозможено од турските власти со цел за меѓусебно уништување на христијаните како и за слабеење на бројното словенско население во полза на поддржаните (фаворизираните) Грци.
Се чини како да имало преќутен договор меѓу турските власти со грчките политички сили за Грците да добиваат разни привилегии, а возвратно грчкото свештенство и грчките банди да ги разбиваат сите други балкански национални движења за ослободување од турското владеење. Македонија и македонскиот народ во неа тогаш како и сега со својата историска и геостратешка положба се нашле како одлично средство за предизвикување на меѓусебни раздори.