Западните политичари за време на Балканските војни си правеле планови, како што за Грција и Бугарија поставиле свои владетели, истото да го направат и во Македонија. Кога ќе биде истерана турската власт, како монархистички владетел да го постават извесен дански принц Харолд.
За нас е значајно што Македонија ја третирале како посебна земја која ќе има свој посебен владетел. Посебноста може да се види и од приложената земјописна карта каде што се дадени границите на Македонија, а во соседство се другите балкански држави.