1913.06.29_Симбирянинь, б1790, с1

С. Ф. Иљин, публицист и уредник на руското политичко списание „Симбирјанин“ се застапува за создавање независна македонска држава како предуслов за траен мир во Европа и покрај званичната политика на руската Влада секогаш да ѝ дава предност на (од Русија) новозоздадената држава и нација Бугарија. Иљин пишува дека Македонците не сакаат да бидат претопени (асимилирани) во Срби, Бугари и Грци и следствено се борат за воспоставување своја независна држава.

„… Со создавањето пак, независна, автономна Македонија, Европа ќе постигне и друг не малку важен резултат – таа ќе им излезе во пресрет на желбите на самите Македонци што не сакаат да бидат ни Срби, ни Бугари, а уште помалку Грци …“

 

Посочил: Macedonia: a True Endless Story …